Точно на почетокот на сезоната на возење кабриолети, Баварците ја пуштаат освежената изведба на родстерот Z4. Моделот малку и поевтине, но е далеку од евтин.
За спортската марка од Минхен е дојдено времето да се спушти покривот и да се ужива на пролетното сонце, и тоа најдобро во новото моделско годиште на Z4. Промените во изгледот на светлата, во распоредот на копчињата во кокпитот и во списокот на опрема се подразбираат со секој фејслифт, исто како и воведувањето на нови мотори. Во случајов, нов мотор вози во моделот Z4 18i, има работна зафатнина од два литра, односно исто колку и моторот во Z4 20i со 184 КС, но е околу 4.000 евра поевтин од него и има 28 КС помалку.
На лесните родстери не им се потребни многу коњски сили да постигнат примерна динамика, па тоа важи и за Z4 18i. Тој забрзува до сто за 7,9 секунди и вози најбрзо 221 km/h. Горниот дел од понудата го сочинуваат Z 28i со 245 i Z4 35i со 306 КС, додека врвот е резервиран за 35is, со шестцилиндарец со 340 КС.
Поводот за освежувањето на моделот е јасен: Jaguar го има новиот F-Type.