Имиџот е основата на секоја премиум марка, особено кај автомобилите. Производителите буквално сакаат да им се вовлечат под кожа на своите клиенти, а најблиску до тоа е преку облеката. И други производи.
BMW не дозволува сопственикот на автомобил од нивната продукција да направи чекор без својата марка и го придружува насекаде: Преку чанта или патна торба, летни маици и јакни, до чанти и часовници… Точно на почетокот на сезоната на активности во природа, BMW ги претставува новите колекции: Атлетик, мотоспорт, голфспорт, а тоа го заокружува и понудата од прибор за секојдневието. Описот на колекциите би изгледал приближно вака …
BMW Спортска колекција
1 од 31
Функциската јакна Athletics Performance за дами и мажи има ергономска форма и совршено се прилепува на телото, што ја прави идеална за живот во движење, за во парк или за вежбање на плажа.
Јакната е совршена за преодниот период во пролет и есен. Достапна е во црна боја со внатрешно полнење во сина боја, за мажи, како и во варијанта што ја нагласува фигурата и има внатрешно полнење во светлосина боја. Цената: 140 евра.
Прибор за сончевите денови се унисекс очилата со лесни поликарбонатни стакла и заштита од UV-A, UV-B и UV-C зраци.
Се собира брзо и без проблем се сместува во џеб. На грбот има отвори за проветрување. Цена: 69 евра.
Во колекцијата „Мотоспорт“ спаѓа и часовникот ICE Watch Steel Chrono, со матирано куќиште од благороден челик, црвени стрелки и сина подлога.
Избор од содржините на Аутомедиа МК
- Пежо 3008 · Тест · Колку е штедлив 1,6-литарскиот бензинец?
- Коментар: Колите ги избркаа луѓето од градот
- БМВ и Икс 3 во Кина се продава 30.000 евра поевтино во споредба со Европа
- Опел Фронтера во подостапна изведба, со рачен менувач и основна опрема
- Новиот модел на Форд ќе биде препакуван кинески Џили
- Електро-шоу во салон: Рено прво прави автомобилот да биде добар, па потоа електричен
















