Opel се откажува од модел од високата класа

Планот повторно да заживее моделското име Monza во понудата на Opel нема да се оствари. Длабоката криза во Opel доведе до затворање фабрики, пазарно повлекување, па сега и откажување од планираните модели.

Opel нема да произведува модел од високата класа којашто ќе се повикува на историската серија KAD, составена од моделите Kapitan, Admiral и Diplomat. Марката од Риселсхајм во иднина ќе се ориентира на малечки возила и на возила од компакт класата, односно на Corsa и Astra, вклучувајќи повеќе деривати од истите. За поголемите модели, односно за наследникот на Insignia, веројатно ќе се користи платформа од некоја од американските марки на General Motors, што е поисплатливо решение имајќи ја во предвид слабата продажба на Insignia. Претставувањето на студијата Monza предизвика гласини дека Opel планира повторно да понуди модел од високата класа, како што тоа за последен пат беше Senator во 1987 година. Според изјавата на шефот Карл-Томас Нојман, студијата Monza ќе остане само дизајнерска вежба за идните модели на Opel.

Senator B од 1987 година е последниот голем модел на Opel. Со него заврши стратегијата на Opel, да се понуди „голем автомобил за малку пари“
Senator B од 1987 година е последниот голем модел на Opel. Со него заврши стратегијата на Opel, да се понуди „голем автомобил за малку пари“

Претходна објаваПрактикантите во Volkswagen подготвуваат Super-GTI за Вертерзе‘15
Следна објаваBMW за облекување: Спортски колекции облека на сино-белата марка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here