Добар знак е кога автомобилските марки водат жестоки борби. Уште од саемот на електроника во Лас Вегас, Audi и BMW водат битка околу ласерските светла. Денес е познат и победникот.
Уште од саемот на електроника CES во Лас Вегас, баварските премиум марки се борат која прва ќе им го понуди ласерското светло на купувачите. Се чини дека победата ја понесе BMW. Денес беа испорачани првите осум примероци од хибридниот спортист i8, сите опремени со ласерско светло. „Со ласерски светла, BMW ја пишува автомобилската историја, како прв сериски автомобил со целосно новата технологија на осветлување“, се фалат во Минхен.
BMW ги најави ласерските светла уште во 2011 година, како врвно достигнување во развојот на технологијата на осветлување во автомобилите. Долго време се чинеше дека Audiго држи приматот во ова подрачје. Откако ги претстави ксенонските светла во втората генерација на моделите 7 и 8, BMW им се посвети на другите технологии и иновациите во осветлувањето останаа во заднина. „Пиксел светлата“ со 480.000 микро огледала од 2002 година веќе никој не ги помни.
Кога шефот на развојот во Audi, Улрих Хакенберг, во јануари годинава најави дека Audiќе биде прв производител што ќе ги комперцијализира ласерските светла, во BMW не им беше сеедно. Дека во Audi не се шегуваат се покажа со прототипите на Sport Quattro од ланскиот салон во Франкфурт, кои беа опремени со оваа техника.
BMW реагираше само еден месец подоцна и најави дека i8 ќе биде прв сериски автомобил со ласерски светла во светот. Во април беше организирана презентација за новинари, а на крајот на април беше најавено дека ласерските светла во i8 ќе бидат достапни веќе од ноември. Audi повторно се јави на 9-ти мај, со најава на специјалната серија на моделот R8 LMX, изработена во само 99 примероци и опремена со ласерски светла – со планиран почеток на испораката во „текот на летото“.
Изгледаше дека победата сепак ќе му припадне на Audi. До денес. Првите осум примероциод BMW i8 со ласерски светла денес им беа свечено испорачани на сопствениците во „Светот на BMW“ во Минхен. Најдоброто во целата приказна: Овие осум сопственици воопшто и не мораа да доплатат за напредната технологија на осветлување, тие ги добија ласерските светла бесплатно. Колку ќе чини технологијата за другите купувачи уште не се знае. Но, сигурно нема да биде евтино.
















