Петтото продолжение на филмскиот серијал „Невозможна мисија“ доживеа светска премиера во Виенската Опера. Како ексклузивен партнер, BMW обезбеди превоз за ѕвездите, но и самиот производител настапи со неколку свои ѕвезди.
Покрај филмските ѕвезди Том Круз, Џереми Ренер, Сајмон Пег и Ребека Фергусон, на црвениот тепих на светската промоција на „Невозможна мисија: Нација на отпадници“ се појавија и BMW M3 и новата серија 7. По „Невозможна мисија: Фантомски протокол“ во 2011 година, групацијата BMW веќе по втор пат испорачува автомобили и мотоцикли за продукцискиот тим на серијалот.
Во последниот дел од акциската серија за тајниот агент Итан Хант (Том Круз) и за неговиот експертски тим за невозможни мисии, возилата на групацијата BMW се појавуваат во многубројни сцени. Новата серија 7 настапува со стил и елеганција уште во воведната сцена, додека новиот M3 и BMW S 1000 RR се задолжени за возбудливите каскадерски сцени во Мароко. Во филмот се појавуваат и хибридниот BMW X5 xDrive 40e, како и кабриолетот од серијата 6. Од голема помош на Итан Хант и на неговиот тим се наоѓа системот BMW Connected Drive, како интелигентна и уникатна врска меѓу возачот, возилото и средината. Системот се грижи за поголема безбедност и комфор во реалниот живот, исто како и во филмот, што се прикажува во повеќе сцени.
















