Јапонски научници развија преносен мост на извлекување

Научниците на Универзитетот Хирошима веќе со години работат на развој на преносни мостови. Овие мобилни и приспособливи мостови се наменети првенствено за примена во услови на катастрофа.

Мостот на јапонските научници се развлекува врз река или канал како еден вид армоника, овозможувајќи по него да поминуваат автомобили и пешаци. Во меѓувреме развојот на мостот ја достигна четвртата генерација и тој неодамна беше прикажан во практична примена, развлечен во должина од 21 метар врз помала река. Компактната конструкција на мостот во собрана состојба овозможува едноставен превоз со камион, а поставувањето е релативно брзо и трае околу еден час. Ова е досега најбрз и наједноставен начин за премостување на непроодни пречки.

Претходна објаваBMW во нова невозможна мисија во „Нација на отпадници“
Следна објаваСтаро-новата германска марка Borgward ќе стартува со теренец

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here