за

Bloodhound постигна 537 km/h, тоа беше само за загревање

BLOODHOUND LSR Charlie Sperring 1
BLOODHOUND LSR Charlie Sperring 1

Тимот на Bloodhound LSR моментно е во Јужна Африка, на завршно тестирање пред обидот за поставување нов брзински рекорд. Првпат ќе се пробива звучен ѕид со возило на копно. Со денешните 537 km/h, само се потврди дека техниката функционира и тестовите натаму ќе стануваат сé побрутални.

Тимот на Bloodhound LSR (Land Speed Record) денес постигна 334 mph (537 km/h) на посебната патека што Британците со години наназад ја подготвуваа среде пустината Хакскинпан во Јужна Африка. Млазниот мотор Rolls-Royce EJ200 кој фактички е погонот на овој ловец на рекорди, работеше 12 секунди под „afterburner“, што беше посебна атракција за присутните.

Денешното достигнување го означува почетокот на втората фаза од тестирањата, откако се докажа дека сите системи што се неопходни за работа под „досогорувачот“ се функционални. Во следните четири недели, брзината постепено ќе се зголемува во чекори од по 50 mph (околу 80 km/h) со цел да се постигнат 500 mph во овој дел од тестирањето.

Од 50 mph до 300 mph за 13 секунди… имаше силен ветер со брзина од над 15 mph и утврдивме дека тоа е нашиот лимит за возење“

Енди Грин, возач на Bloodhound и актуелен рекордер

Денешните цели беа да се постигнат 350 mph со користење на целосно досогорување, да се тестира стабилноста, да се измери отпорот на тркалање без потисок од млазниот мотор и да се добијат податоци за падобранот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Британскиот тим пристигна во Јужна Африка во минатиот понеделник (21-ви октомври). Изминатава недела беше напорна, затоа што врвните експерти се соочуваа со проблеми со повторното стартување на моторот EJ200, ист како во млазниот авион Eurofighter Typhoon. Моторот мируваше кај производителот Rolls-Royce уште од октомври 2017 година, кога беа комплетирани првите тестирања со Bloodhound.

Повеќе за пристигнувањето на Bloodhound LSR во Јужна Африка во објавата од минатата седмица.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW serija 1 promocija Sindikat 00001

Освежување кај BMW: Сите работи почнуваат од 1

volkswagen fabrika cvikau id3

Седум денови до стартот на производството на електричниот VW ID.3