Binz по потреба ќе ви направи и Mercedes со 6 врати

Ако Мерцедесите од класите Е и Ѕ се недоволно големи, решението го нуди каросериската работилница Binz. Таму се продолжуваат лимузините и им се додава по уште еден чифт врати.

 

Целата историја на фирмата Binz се врти околу капата на германската кралица. Лимузината што Mercedes ја изработил специјално за кралот Вилхелм Втори имала премали врати да ја собере капата на кралицата. Проблемот го решил извесен Михаел Бинц, продолжувајќи го возилото за 30 сантиметри. По неколку години, Бинц отворил сопствена каросериска работилница специјализирана за моделите на Mercedes. Денес фирмата најмногу изработува амбулантни и погребални возила. Но, нејзиниот специјалитет сепак се продолжените лимузини. Последна креација е екстрадолгата верзија од класата Е.

Binz нуди две веријанти од класата Е. Едната е долга 5,39 метри и наменета е за купувачите што не сакаат да привлекуваат внимание со подеднакво долгиот Pullman од класата Ѕ, додека на втората верзија ѝ недостигаат само два сантиметри до шест метри. Во неа има три реда седишта и исто толку чифтови врати, односно вкупно шест. Најчести корисници на екстрадолгите лимузини од класата Е се шатл службите, каде што возилата служат на пример за кус превоз од хотел до аеродром.

Поради природата на главните пазари на кои што се продаваат долгите лимузини на Binz, понудата на мотори претежно се состои од бензинци. Единсвен дизел е E 250 CDI, додека бензинската понуда покрива дијапазон од E 250 до E 400. Преправката на каросеријата е далеку од евтина. Најевтиниот модел чини 110.000 евра, а нагоре не постојат граници.

Продолжените верзии од класата Е имаат долга традиција. Binz има изработувано екстрадолги верзии од „репоњата“ од 1960-те години, од генерацијата 200/8, како и од легендарниот W 123. Првата верзија со шест врати беше изработена од серијата W 124, со должина од 5,54 метри. Како основа за изработка на возилото се користат „полукаросерирани школки “ што се произведуваат во Mercedes и се испорачуваат на доработка низ светот. Овие школки завршуваат кај средниот столб, овозможувајќи нивна доработка во каросериските работилници како Binz. Од актуелната генерација на класата Е, серијата W 212, овие школки се произведуваат локално во фирмата.

Претходна објаваLand Rover повикува 150.000 возила во сервис
Следна објаваФилтерот за полен е пролетна спас за алергичарите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here