за

Филтерот за полен е пролетна спас за алергичарите

Почна сезоната на цветниот полен, а со тоа почнаа и маките на лицата што се алергични на него. При алергиски напад значително се намалува вниманието на возачот. Дали скоро го сменивте филтерот за полен?

Во тек е сезоната на цветниот полен, а со зачестувањето на алергиските напади се намалува и внманието на возачот во сообраќајот. Типични симптоми се солзење на очите, кивање, затнат нос, но и отежнато дишење. Дел од овие симптоми можат да предизвикаат привремено губење на контролата врз возилото. Проверката на филтерот за полен и следењето на неколку совети можат да помогнат во возачкото секојдневие.

Лицата што се чувствителни на поленов прав треба да го користат клима уредот и да возат со затворени прозорци. Основно е филтерот за полен да се менува редовно. Повеќето од возилата се опремени со овој филтер. Алергичарите треба да го менуваат филтерот двапати почесто отколку што се препорачува во упатството за користење на возилото, односно најмалку на шест месеци. Чистиот филтер може да прими поголема количина полен и подобро да ги заштити патниците во возилото. Особено е важно редовно да се чисти кабината, вклучувајќи вшмукување на седиштата и патосниците.

При користење лекови за намалување на надразнетоста на слузокожата обично се намалува способноста за возење. Овие т.н. ахтихистаминици во најчестиот број на случаи предизвикуват замор и намалување на концентрацијата. За избегнување на ефектот на замореност, медицинарите препорачуваат лековите да се земаат навечер. На тој начин се намалуваа споредните дејства на препаратите за време на утринското возење до работа. Секако дека претходно е потребно советување со лекар или апотекар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Binz по потреба ќе ви направи и Mercedes со 6 врати

Ќе ве убеди Клаудија Шифер да купите Opel?