Супермоделката Клаудија Шифер во моментов ја освојува телевизиската публика низ цела Европа со рекламната кампања за моделите на Opel. Марката од Риселсхајм направи вистински погодок со изборот.
Како реакција на огромниот интерес на јавноста, Opel ги објави видеата и неколку фотографии што се направени за време на снимањето на рекламите со германската модна икона. Клаудија Шифер е амбасадорка на Opel во Европа и како најпознат „извозен производ“ од Германија, таа го внесува сопствениот гламур и шарм во рекламите што одат под насловот „Произведено во Германија“. Во рекламите се прикажуваат трајните доблести на германскиот инженеринг, како интелигентно решените задни врати на ванот Meriva или приспособливиот погон на сите тркала на спортскиот теренец Mokka. Како препознатливо германско лице на Opel во Европа, новата улога ѝ прилега на Клаудија исто толку совршено како нејзините парчиња облека во кои што таа ја мина својата 25-годишна кариера. На крајот на секоја реклама, Шиферка запејува „It’s a German.“
Зборовите понекогаш се бесмислени кога се работи за убавите жени, погледнете ги видеата.
















