Прага воведува бесплатен градски превоз при загаденост на воздухот

бесплатен јавен превоз прага аларм загаденост

Чешката престолнина ќе применува мерка што се докажува како најделотворна при алармантна загаденост на воздухот: Бесплатен градски превоз. Градските власти на Прага веројатно ќе бидат вешти да го избегнат иритирањето на граѓаните, коешто е вообичаено за скопскиот пристап кон решението.

Градскиот превоз во иднина ќе биде бесплатен при аларм за загаден воздух. Тоа ќе важи и за странските работници во градот и за туристите. Претпријатијата за јавен превоз очекуваат дека примената на оваа мерка ќе ги чини најмалку 200.000 евра дневно. Овие средства ќе се подмируваат од општинските каси. Во метрополата на В’лтава се активира аларм за загаденост пет до седум денови во годината. Како главен причинител важи сообраќајот со автомобили.

Во исто време стартува кампањата за имформирање, којашто има за цел постепено да ја развива свеста на граѓаните за новиот концепт на користење возила од јавен возен парк, односно таканаречениот „Carsharing“. На подолг рок, градот размислува и за воведување забрана за сообраќај. Моментно не постои правна основа за тоа. Властите планираат да воведат строги казни против возачите кои ги отстрануваат филтрите за честички.

Подземните гаражи се центри за загаден воздух

Овие 15 држави во ЕУ го ограничуваат сообраќајот при загаденост

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Претходна објаваХибридна навала во Volvo: Цела моделска понуда под напон
Следна објаваPeugeot 208 оди на комфор, појава и на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here