Камера поставена на шлемот на Рис Милен покажува како изгледа рекордерското возење на Пајкс Пик директно од возачкото седиште.
Во славеничката година на Bentley има уште еден голем повод за славење. Рис Милен постави нов рекорд на прочуената планинска трка на Пајкс Пик, со Bentley Continental GT. Новото време е за 8,4 секунди подобро од претходниот рекорд за најбрз сериски автомобил.
Снимка од рекордерското возење по 156 свијоци, со висинска разлика од 1.500 метри покажува како изгледа ваков подвиг од самото возачко место. Рис го искачи овој врв на Карпестите Планини во Колорадо за време од 10:18,488 минути.
Bentley сними уште едно видео, со сцени уловени од хеликоптер, како и од реакциите во тимот на Bentley по вртоглавото возење.
За звукот на Continental GT. Издувот е од Akrapovic.
















