за

Bentley EXP 10 Speed 6 наскоро влегува во сериско производство

Меѓу ултралуксузните и ултраскапи купеа на Bentley и купеата од другите марки што се само луксузни и скапи, останува простор за нов модел на Британците. Од студијата EXP 10 Speed 6 наскоро следува сериски модел.

Најавата за спортско купе во основата на понудата на благородната марка од островот предизвика општо одушевување кај публиката, откако концептот EXP 10 Speed 6 беше прикажан лани на салонот во Женева. Позитивната реакција беше дотолку поголема што спортското купе настапи со дизајн различен од традиционалниот стил на Bentley. Секако дека Британците ја очекуваа реакцијата, но сега е проблем да се најде временска рамка за вметнување на серискиот модел што ќе произлезе од спектакуларниот концепт.

Освен во верзија на купе со класични спортски пропорции, се размислува идниот нов модел да се понуди и во изведба на родстер, со две седишта. Пред купето да го здогледа светлото на денот, сепак ќе мора прво да биде претставена новата генерација на Continental. Традиционалните модели врз коишто се темели постоењето на Bentley мора да уживаат приоритет.

Проширување на понудата ќе се случува и на врвот, со кабриолет изработен врз основа на Mulsanne, како конкурент на Rolls-Royce Phantom Drophead Coupe. Овој суперексклузивен кабриолет ќе се изработува во одделението за специјални нарачки Mulliner, во серија од неколку дузини примероци. Моделот треба да се појави за две години. Кабриолетот како новитет во моделската понуда ќе биде наследен и во идната генерација на Mulsanne, чијашто премиера треба да се случи во следните четири до пет години, во стил на концептот Grand Convertible од 2014 година. Моторот V8 со блок кој потекнува уште од средината на минатиот век, во новиот модел ќе биде заменет со W12 со двојно турбонатполнење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes G-Class за професионалци: Не мора секогаш да биде AMG

Дали ова е новиот тренд на индивидуализација: Запуштен стил за скапоцено парче