за

Дали ова е новиот тренд на индивидуализација: Запуштен стил за скапоцено парче

Нов автомобил вреден стотици илјади евра што изгледа како штотуку да е пронајден во запуштена шупа? Фирма за раководење со големи возни паркови го нарача овој „стил“ и си направи одлична реклама.

Првиот впечаток може да биде лажен впечаток. Така е во случајот на овој Porsche, кој изгледа како неколку децении да оставиле трага врз него, но фактички станува збор за сосема нов Porsche 911 Turbo. Уникатот е изработен по нарачка на германската фирма Fleetpool и наменет е за маркетиншки цели.

Fleetpool е фирма со седиште во Келн и основна дејност раководење во големи возни паркови и измајмување возила за индивидуални корисници, со сопствен возен парк од 450 возила. Тоа што е посебно за оваа фирма е малата серија возила што со изгледот се издвојуваат во секојдневната улична слика. Клиентите обично ги користат овие возила како декор на прослави и секаков вид манифестации.

Новиот примерок во специјалната серија се издвојува дополнително, со изгледот на тркачки автомобил за 24-часовна трка, оставен да го нагриза времето. Но, ентузијастите на моделот и воопшто на автомобилизмот не мора да паничат. Тоа што изгледа како избледен лак и кородирани места на каросеријата е само фолија, дизајнирана да изгледа верно. За печатењето и поставувањето на фолијата беше задолжена фирмата Signal Reklame, актуелен европски шампион во фолирање автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley EXP 10 Speed 6 наскоро влегува во сериско производство

Volvo го подготвува V90 Cross Country како наследник на XC70