за

Bentley Bentayga: Ексклузивна прва серија само за 608 купувачи

Bentley изработи ексклузивна серија од Bentayga за првите 608 купувачи – колку што има коњски сили најмоќниот и најбрзиот теренец во светот. Со возилото следува и часовник од Breitling, бесплатно.

Bentley синоќа ја прикажа ексклузивната прва серија од новиот теренец Bentayga пред избран круг купувачи во хотелот Сансет, во Лос Анџелес. Серијата Bentayga First Edition ќе се изработи во само 608 примероци, со уникатни детали, како осветлени регистерски таблички, бандажи од 22 инчи лакирани во црна боја и полирани или беџови со британското знаме. Заради ексклузивност на серијата, купувачите ќе можат да избираат меѓу само десет бои за каросеријата.

bentley bentayga first edition (2)Внатрешноста се разликува од стандардните модели во изведбата на амбиенталното осветлување, беџовите со британското знаме по арматурната табла, контрастната боја на опшивките на кожените облоги и специјалната изработка на седиштата. Деталите изведени од метал, дрво и кожа поставуваат нови стандарди во браншата, вклучувајќи ги најмалите можни толеранции во изработката.

Покрај цената од над 200.000 евра, уникатен часовник од Breitling следува гратис за првите 608 купувачи

Серијата ќе се изработи во само 608 примероци, колку што изнесува и моќноста на дванаесетцилиндарскиот мотор во W, со зафатнина од 6,0 литри. Со забрзување до сто за 4,1 секунди и крајна брзина од 301 километри на час, Bentayga е најмоќен и најбрз теренец во светот. Секој иден сопственик на Bentayga First Edition ќе добие и уникатен часовник од Breitling.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

New Holland T7.315 е трактор на годината

Осум новитети на Honda за салонот на мотоцикли во Милано