Високите увозни царини за кинески производи во САД може да направат проблем за автопилотот на Tesla. Во овој систем се користат делови кои се произведуваат во Кина. Увозот од други земји само би го поскапел помошникот за возачот.
Високите увозни царини што американскиот претседател Трамп ги бара за производи од Кина може да предизвикаат проблем во подрачјето на автономното возење, во коешто Tesla вложува многу. Поради трговскиот спор, шефот Илон Маск мора да бара замена за добавувачот што ги произведува компонентите за автопилотот во Кина.
„Мозокот“ на системот за асистенција (тој само го носи името „автопилот“, иако е далеку од тоа само да го управува возилото) го произведува компанијата Quanta Computer со седиште во Шангај.
Белата Куќа немаше разбирање за барањето од Tesla, важните контролни модули да се ослободат од увозната царина во висина од 25 проценти. Трамп лани побара воведување на истите, првенствено поради масовниот увоз на електронски уреди од Кина.
Моментно не постои американска компанија што е во состојба да ги произведе потребните делови за „автопилотот“ според спецификацијата што ја бара Tesla
Доколку не се најде нов добавувач, поскапите трошоци ќе се префрлат на сметка на купувачите, односно врз крајната цена на возилото. Втор избор е да се скусат работните трошоци. Во двата случаи, калифорнискиот производител на електрични автомобили трпи штета.
Quanta Computer е влијателен субјект на сцената и меѓу другото соработува со Apple и Amazon, исто така американски компании.
Кина за годинава очекува продажба на 28 милиони возила
Германија пушти електричен автомобил за 20.000 евра
Автопилотиран Ford испорачува пратки преку автопилотиран робот
Двојка снимила жешки сцени во автопилотирана Tesla, се јави и Илон Маск