Најчести изговори пред австриските полицајци при немање вињета

Вињета Австрија изговори

По австриските патишта постојано има голема раздвиженост. Деновиве едни се симнуваат од Алпите, други се упатуваат кон Италија, да уживаат во „примавера“. Но, за сите важи обврската да се купи вињета за користење на автопатиштата. Некои возачи се обидуваат да заштедат, но тоа очигледно им успева на малкумина. Лани полицијата издала 190.000 казни за немање вињета. Следат најчестите и најоригинални оправдувања на возачите и возачките.

Од возачките и возачите во некои ситуации е потребна голема фантазија. Ако за ништо друго, барем за контролорите по австриските автопатишта да се забавуваат. Меѓу најоригиналните и најбудалести оправдувања за немање вињета, дефинитивно води тоа дека „песот ја откорна и ја изеде вињетата.“ Ова се најчестите изговори при користење по автопатиштата во Австрија без да се плати вињета:

  • Не знаев дека постои обврска за вињета во Австрија.
  • Мислев дека не се плаќа вињета до првиот излез.
  • Не знаев каде се продаваат вињети.
  • Не знаев дека во случај да се замени ветробранот поради оштетување, следува резервна вињета.
  • Автомобилот не е мој.
  • Купив дигитална вињета и не знам зошто таа не е регистрирана во системот.
  • Навигацијата ме наведе на автопатот.
  • Вињетата е во чантата на мојата сопруга.
  • Морам итно во болница.
  • Не најдов место кадешто се продаваат вињети.

Секако дека ниту еден од овие изговори не се покажал „делотворен“ и прекршителите морале да платат казна во висина до 240 евра. Тоа е драконска казна, кога ќе се иома предвид дека вињета со времетраење од 10 денови чини 9,20 евра. Годишна вињета за автомобил чини 89,20 евра, двомесечна 26.80 евра. Мотоциклистите плаќаат од 35,50 евра за цела година, до 5,30 евра за 10 денови.

Холандската полиција собрала 17 милиони евра од казни за телефонирање

Милијардерка казнета со 25.000 евра за возење под алкохол

ЕУ бара наплата на патарина според емисијата на СО2

Претходна објаваFiat ќе плати стотици милиони евра на Tesla за „нула“ CO2
Следна објаваMercedes C111 пред половина век го остави светот без здив

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here