за

Audi e-tron Sportback го освојува виртуелниот свет

Audi e-tron Sportback го освојува виртуелниот свет
Audi e-tron Sportback го освојува виртуелниот свет

Audi го прави следниот чекор во насока на дигитализацијата и виртуелното доживување. Како прв производител на автомобили, Audi користи еден од најголемите настани во виртуелната реалност, за пред светот да го претстави новиот Audi e-tron Sportback.

Виртуелниот пазар од 4-та генерација, односно Virtual Market 4, создаден е од јапонската компанија Hikky и претставува социјален настан од сферата на виртуелната реалност. Овој светски настан, годинава се одржува четврти пат. Минатат година тој привлече повеќе од 710.000 посетители од целиот свет. За оваа година се очекуваат до еден милион посетители, кои ќе се движат како 3D-ликови низ виртуелниот простор наречен „Para-real Tokyo“ и ќе комуницираат.

Во актуелните услови на пандемија од корона и ограничено движење, Virtual Market 4 е идеален медиум за пазарниот старт на Audi e-tron Sportback во Јапонија. Стилската купе-изведба на електричниот СУВ ќе стартува со продажба во Европа најдоцна до јуни, а во втората половина од годината ќе започне да се испорачува и за пазарите во САД и Азија.

Audi e-tron Sportback е паркиран на неколку избрани места во „Para-real Tokyo“. Кога посетителите ќе го допрат возилото, тоа се претвора во еден вид на виртуелен штанд на Audi. Притоа станува збор за дигитална верзија на центарот „Audi Meteorit“, што беше поставен за пазарниот старт на Audi e-tron во почетокот на 2019 година, на аеродромот во Минхен, за потоа во есента да биде подигнат и во Шангај.

Посетителите на дигиталниот свет можат да ги запознаат и фунциите на возилото, како и да дознаат детали за дизајнот и техниката од аватарите на Audi. Покрај тоа, играчите на „Virtual Market“ имаат можност да направат виртуелно возење околу метеоритите.

Audi годинава учествува на „Virtual Market 4“ заедно со уште 42 други компании и околу 1.400 дилери.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia продаде 650.000 возила до април, само 1,9% пад

Kia продаде 650.000 возила до април, само 1,9% пад

toyota yaris 20 godini

Топ 10 Најпродавани модели во Европа во март