за

Audi R18 врие пред повторниот дуел со Porsche на трките во издржливост

Audi го најавува новиот R18 како најсилен и најефикасен тркачки автомобил во историјата на марката. Атмосферата во Инголштат врие и се чека на повторно одмерување на силите со Porsche.

Тркачкото одделение на Audi имаше тешка сезона во светскиот шампионат во издржливост. Стартот мина одлично, со две победи, но потоа следеше Леман, каде што поради игра на околностите и поради беспрекорната работа на машините од Porsche, триумфот мораше да изостане. Победничкото расположение не се врати ниту по Нирбургринг, а уште помалку по серијата двојни победи на Porsche на преостанатите трки до крајот на сезоната. На финалната трка во Бахреин за малку ќе се освоеше барем шампионската титула меѓу возачите, но тоа не може да се смета како победа. За ситуацијата да се врати малку повеќе под контрола, Audi работеше доста напорно на новата тркачка машина за сезоната 2016.

Motorsports / Audi Sport FinaleТесниот и високо подигнат нос, исто како и енормните предни крила на новиот Audi A18 покажуваат дека во последниов период се работело мошне интензивно во аеродинамичниот тунел и во компјутерската динамика на флуиди. Се шпелулира и дека Audi ќе го замени „акумулацискиот“ замавник со батерија и во иднина ќе настапува во класата од 6 мегаџули. Тоа значи дека на секој круг на трката ќе се врши повраток на повеќе енергија, а за сметка на тоа мора да се смали резервоарот за гориво. На овој начин Audi Sport излегува во пресрет на барањата на ФИА да се користат сé поголеми хибридни системи.

Моторот V6 TDI останува, иако маркетиншкото одделение ќе мора малку да се помачи, покрај аферата дизелгејт, која ќе биде актуелна и во целата 2016 година. Затоа, пак, тимот може да се потпре на привремена системска моќност од максимални 1.000 КС и да очекува свежи рекорди на сите патеки. Дали империјата на Audi ги владее сите промени во тркачкиот R18 за да возврати на ударот од бунтовниците од Porsche, ќе се покаже во април следната година, на почетокот на сезоната во Силверстоун. Дотогаш остануваат уште неколку месеци, за публиката повторно да се почне да се радува на оваа врвна тркачка серија, во која Audi, Porsche и Toyota настапуваат со буџети како на тимовите во формула 1.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пред 80 години и Citroen произведуваше возила во Германија

Четиригодишно девојче уништува цел камион – и Volvo е среќен од тоа?