за

Четиригодишно девојче уништува цел камион – и Volvo е среќен од тоа?

Што се случува кога на четиригодишно девојче ќе му дадете да располага со далечинска контрола врз вистински камион? Сите претпоставуваат исто. Шведскиот производител на камиони Volvo сепак е среќен од исходот.

Шведскиот производител на камиони Volvo Trucks е познат по тоа дека неговите реклами не се толку лоши. Се сеќаваме на Жан-Клод ван Дам, како балансира меѓу два камиона. Или на видеото во кое што шефот на компанијата лично е застанат врз камион што виси на кран. Или на хрчакот Чарли. Креативните глави на Volvo Trucks се надминуваат при секое следно видео. За последното видео што ја рекламира автоматската контрола на тракција на Volvo FMX, техничарите обезбедија можност камионот да се контролира далечински, а далечинскиот управувач го дадоа на едно четиригодишно девојче.

Задачата на малечката Софи беше да го управува камионот по патека на која однапред е јасно дека сé што може да тргне наопаку ќе тргне. Тоа беше и намерата на креативците на Volvo. Иако Софи го удира камионот во куќа, со струполува од рид и го насочува преку најразлични пречки, камионот останува цел и продолжува да вози. И сето тоа изгледа мошне забавно.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi R18 врие пред повторниот дуел со Porsche на трките во издржливост

C-Class Coupe: Може ли Mercedes да се купи само поради дизајнот?