за

Audi Q7 ќе излегува од фабрика со гуми Toyo

Audi ги избра пневматиците Toyo Proxes T1 Sport SUV за прво вградување во новиот Q7. Во зависност од моделот, Audi Q7 ќе вози со гуми 255/60R18 108Y или 285/45R20 112Y.

Новиот Audi Q7 е моќен, но во исто време лесен и агилен автомобил. Според неговата позиција како знаменосец во понудата на теренски модели на Audi, при изборот на модел на гуми со коишто автомобилот ќе излегува од производствените ленти се внимавало особено тие да одговараат на концептот на возилото и да се одликуваат со висока издржливост. Toyo Proxes T1 Sport SUV A е развиена специјално за стабилност при висока брзина, како и за сигурен контакт на влажен и на сув пат.

Toyo повеќепати има испорачувано пневматици за прво вградување во Audi, вклучувајќи и зимски гуми за претходната генерација на Q7. Во моментов, гуми од Toyo се вградуваат фабрички во новиот Audi A3, исто како и во споредките модели Audi RS 4 и RS 5.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Идната класа Е на Mercedes ќе вози подобро и од возачот

Mercedes GLC: Теренски работник во свечен костум