за

Audi Q1 пристигнува во 2016 година

За 2016 година е потврден стартот на кросоверот Q1 на база на A1

Марката со прстените ќе ја прошири понудата на теренски модели со минито Q1 во 2016 година. Две години подоцна следува хибридната верзија, со потрошувачка од 1,5 литар и досег на струја од 50 километри.

Должината на најмалечкиот спортски теренец на Audi изнесува 3,8 метри, а техничката основа за возилото доаѓа од VW Polo. И покрај типичните белези на теренец, со високо седење и поголемо растојание од подлогата, сосема е јасно дека кај Q1 не станува збор за вистински теренец. Меѓу другото, погонот на сите тркала воопшто нема да се нуди. Во најевтината верзија, мини теренецот на Audi ќе чини околу 20.000 евра.

Останатата техника ќе потекнува од Audi A1. Понудата на мотори почнува со 1.4 TFSI и новиот 1.4 TDI со три цилиндри, обата со 90 КС и со можност за комбинирање со седумстепен менувач со двојна спојка. Најсилната верзија SQ1 ќе вози со дволитарски бензинец со 231 КС. Во моделот со хибриден погон ќе се комбинираат 1,2-литарски бензинец со 110 КС и електромотор со 109 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

40 години Mitsubishi во Европа

Opel и PSA ќе произведуваат заеднички ван од 2016 година