На претстојниот салон на автомобили во Пекинг, што ќе се одржи во април, Ауди ќе го прикаже својот втор електричен модел што е развиен со САИЦ Мотор. Тоа ќе биде важно засилување на стратегијата на германската луксузна марка во Кина, којашто има за цел да го зголеми нејзинот удел на најголемиот, но во исто време и најтежок пазар за електрични автомобили во светот.
Проструија гласини дека Ауди размислува да ги спои двете посебни компании (ФАВ-Фолксваген и САИЦ-Фолксваген) на групацијата на концернот Фолксваген во Кина, меѓутоа извршниот директор Герно Делнер изјави пред новинарите на 17-ти март, дека марката ќе остане на стратегијата со два партнери.
Новиот кросовер со пет седишта Е 7 Икс ќе почне со продажба во првото полугодие, во изведби со еден и со два мотори, соопшти САИЦ-ФВ на 16-ти март.
САИЦ-ФВ објави на 16-ти март дека напредните системи за асистенција во возењето на Е 7 Икс се развиени во соработка со Момента, водечка кинеска компанија за технологија за автоматизирано возење. Тоа партнерство укажува дека Ауди прифаќа во поголем обем да го користи искуството на земјата во развојот на софтвер.
Со целосно алуминиумско подвозје и погон на сите тркала Кватро, електричниот автомобил може да забрза до темпо сто за четири секунди.
Во батеријата се користат напредни ќелии од КАТЛ, најголем производител на батерии за електрични автомобили во Кина, а капацитетот е 109 киловатчасови. Досегот изнесува 751 километри, според кинеските норми, коишто не се толку строги како ВЛТП- или ЕПА-нормите.
По истиот пример како со спортската лимузина Е5 Спортбек, првиот модел што Ауди го разви со САИЦ, Е 7 Икс ќе се продава под марката „АУДИ“. Името е напишано на хаубата со големи букви, и на возилото никаде не се појавуваат четирите прстени на Ауди.
Марката се продава исклучиво во Кина и стартуваше во ноември 2024 година. Ауди учествува со експертиза во проектирањето, развојот и дизајнирањето, додека САИЦ се надоврзува со иновациите во дигиталниот еко-систем.
Ауди стартуваше со производство на возила во фабриката САИЦ-ФВ во 2021 година. Покрај лимузината Е5 Спортбек, чијашто продажба започна во септември, во оваа заедничка фабрика се произведуваат уште Ку 6, продолжена изведба на А7 и електричниот кросовер Ку 5 е-трон.
Остантите модели на Ауди, со бензински и со електричен погон, се произведуваат во ФАВ-ФВ, заедничка компанија на германскиот концерн и домашниот ФАВ, од каде што луксузните модели на Ауди излегуваат уште од 1995 година.
Двете партнерства во Кина се од „голема корист“ вели шефот Делнер
Продажбата на Ауди во Кина во 2025 година повторно имаше пад (-5%) и заврши со 617.500 возила. САИЦ-ФВ лани испорача само 47.258 возила Ауди, вклучувајќи го АУДИ Е5 Спортбек.
Слабата продажба поттикна гласини во февруари, дека Ауди размислува продажбата и маркетингот на САИЦ-ФВ да ги пренесе во ФАВ-ФВ.
Делнер изјави пред новинарите на 17-ти март во Германија, дека двете партнерства во Кина се „од крајна корист“ за Ауди. Тој додаде дека Ауди и САИЦ очекуваат продлабочување на соработката.
















