Форд ќе продава електрично комбе произведено во Кина по буџет-цена

Форд ќе увезува во Европа евтин електричен ван, за да се соочи со заострената конкуренција на европскиот пазар на доставни возила.

  • Форд го лансира Транзит Сити, електрично комбе од Кина, што е произведено во соработка со ЈМЦ.
  • Комбето е наменето за достава во градска средина, со досег до 254 километри и цена под Е-Транзит Кастом.
  • Нарачките почнуваат во вториот квартал, испораката на главните пазари во Европа ќе следи кон завршетокот на годината.

Транзит Сити е развиен како поевтина алтернатива со намален досег за Е-Транзит Кастом од турската фабрика, и наменет е за достава во градска средина.

Возилото се произведува во Џанглинг Моторс Корпорејшн (ЈМЦ) во фабриката во Шаолан, провинција Џангши, а како основа го користи електричниот ван Туринг на ЈМЦ.

Со увезувањето од Кина на моделот под својата марка, Форд презема чекор со којшто очекува да стекне предност пред очекуваниот наплив од кинески доставни електрични возила на пазарот во Европа.

„Кинезите ќе бидат присутни во секој сегмент,“ изјави извршниот директор Џин Фарли на настанот во Париз во декември. „Во случајот на Форд, ја чувствуваме таа конкуренција со пикапи врз носечка рамка во Јужна Америка, Тајланд и Југоисточна Азија.“

На европскиот пазар на доставни возила, досега најмногу се имаат пробиено Максус од производителот САИЦ и Фаризон од Џили, во сегментот каде што продажбата ја држат Форд, Стелантис и Рено.

Батеријата ЛФП ја спушта цената

Транзит Сити користи батерија литиум-железо-фосфат (ЛФП) од 54 киловатчасови, што му овозможува да постигне пониска цена од Е-Транзит Кастом, каде што се вградува поскапа батерија никел-кобалт-манган (НЦМ). Батериите ЛФП обично се 20 до 30 проценти поевтини од хемијата НЦМ и не се користат скапите суровини никел и кобалт.

Транзит Сити располага со досег до 254 килоемтри, додека Е-Транзит Кастом вози 342 километри.

Форд не ги соопшти цените, но напомена дека тие ќе бидат меѓу Е-Транзит Кастом, што во Британија почнува од 43.630 фунти, и помалиот Е-Транзит Курир, што чини 27.000 фунти.

Строгите норми за емисија ја задвижуваат продажбата на електрични ванови

Продажбата на електрични ванови расте, откако производителите се обврзани да ги исполнат строгите цели на ЕУ, за емисијата на ЦО2 на ниво на возен парк да се смали за 15 проценти од 2025 година, на 153,9 грами на километар, за понатаму до 2030 година да се спушти до 90,6 грами ЦО2 на километар.

Електричните ванови учествуваа со околу 11 проценти во продажбата на ванови во Европа во 2025 родина, што е раст од 6-те проценти во 2024 година.

Транзит Сити ќе се нуди во три каросериски изведби: со кусо меѓуоскино растојание и низок покрив со место за три европалети и носивост до 1.085 килограми, потоа со средно меѓуоскино растојание и висок покрив, со носивост до 1.275 килограми, и во изведба без каросериска наградба.

Сите варијанти имаат преден погон, со мотор од 150 КС. Брзото полнење користи моќност до 67 киловати, додека на обичен полнач се на располагање 11 киловати.

Форд соработува со Фолксваген и Рено

Форд го произведува Фолксваген Транспортер во својата фабрика во Турција, заедно со Транзит Кастом, додека пикапот Фолксваген Амарок го произведува во Јужна Африка, покрај Ренџер. За возврат, Фолксваген го произведува Транзит Конект во Полска, покрај својот Кеди.

Во меѓувреме, Форд и Рено потпишаа писмо на намери, за соработка во развој на ван.

Претходна објаваМерцедес-Мајбах не смее да отсуствува од „Ѓаволот носи Прада 2“
Следна објаваАуди разви втор модел без прстени за пазарот во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here