Мерцедес-Мајбах не смее да отсуствува од „Ѓаволот носи Прада 2“

По дваесет години следи „Ѓаволот носи Прада 2“, а секако дека С-Класата нема да отсуствува ниту од продолжението, овојпат под знакот на Мерцедес-Мајбах.

Мерцедес-Мајбах С-Класа е вистинскиот автомобил што е дораснат за статусот на ликот на Миранда Пристли, како симбол за авторитет и луксуз.

Луксузната марка Мајбах ќе се вклучи во најавувањето на „Ѓаволот носи Прада 2“ и воедно потврдува дека добива важна улога и во продолжението на филмот.

Пред две децении, Мерцедес-Бенц С-Класа имаше видена улога во филмот и придонесе за публиката да добие веродостојна слика за гламурозниот свет на високата мода. Премиерата на продолжението на филмот во кината е најавена за 30-ти април.

Покрај тоа што има впечатливо појавување во бројни сцени во „двојката“, Мерцедес-Мајбах паралелно ќе учествува во светската промоција на филмот, заедно со 20-то Сенчри Студио. Кампањата почнува денес на 27-ми март и се состои од т.н. 360-степена ко-промоција. Промоцијата ќе трае до јуни.

Јавноста до премиерата ќе гледа екслузивни кадри од филмот и скапо изработени печатени и дигитални рекламни формати. Посебно за премиерата и за потребите на маркетингот е изработена верзија на Мерцедес-Мајбах С-Класа во Мануфактур, каде што се работи на возила по нарачка.

Што се случува во „Ѓаволот носи Прада 2“

По 20 години откако првпат се појавија во своите легендарни улоги како Миранда, Енди, Емили и Најџел, во будно исчекуваното продолжение на филмскиот феномен од 2006 година, Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Бланд и Стенли Тучи, се враќаат на улиците на Њујорк Сити како модна метропола и во елегантните канцеларии на магазинот Ранвеј.

Филмот е работен од оригиналната постава, со режисерот Дејвид Франкел и сценаристката Алин Брош Мекена, воведувајќи низа нови ликови, во коишто се појавуваат Кенет Брана, Симон Ешли, Џастин Теру, Луси Лиу, Патрик Крамал, Келје Хирон, Хелен Џ. Шен, Полин Шаламе, Б.Џ. Новак и Конрад Рикамора.

Трејси Томс и Тибор Фелдман се враќаат во своите улоги на Лили и Ирв. Продуцент е Венги Фајнермен, додека Мајкл Медерман, Карен Розенфелт и Алин Брош Мекена се извршни продуценти.

(L-R): Meryl Streep as Miranda Priestly and Stanley Tucci as Nigel Kipling in 20th Century Studios’ THE DEVIL WEARS PRADA 2. Photo courtesy of 20th Century Studios. © 2026 20th Century Studios. All Rights Reserved.

(л-д) Мерил Стрип, како Миранда Пристли, и Стенли Тучи, како Најџел Киплинг во Ѓаволот носи Прада 2

Претходна објаваФерари продолжи да испорачува возила на Средниот Исток, Иран не е пречка за бизнисот
Следна објаваФорд ќе продава електрично комбе произведено во Кина по буџет-цена

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here