Ферари продолжи да испорачува возила на Средниот Исток, Иран не е пречка за бизнисот

Откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28-ми февруари, по што земјата возврати пошироко во регионот, запре поморскиот транспорт и забави извозот на нафта од Блискиот Исток, преку Ормускиот Теснец.

Ферари објави соопштение во коешто наведува дека „привремените проблеми во логистиката, поради немирите во регионот, се надминати.“

„Компанијата активно се вклучи во изнаоѓање решенија, меѓу другото со пренасочување на поморскиот транспорт и користење авионски превоз, каде што тоа е потребно,“ стои понатаму во пораката од Маранело.

Ферари во минатата недела привремено ги запре испораките во регионот.

Масерати исто така објави во минатата недела дека ги запреле испораките на возила во регионот и додаде дека се бараат алтернативни решенија, за скапоцените возила безбедно да се донесат до регионот. Оттаму уште немаат објавено дали испораките продолжуваат.

Ферари лани испорача 626 возила за Блискиот Исток, што претставува 4,6 проценти од вкупната продажба на марката од 13.640 возила. Продажбата имаше мал пад, но регионот води во нарачката на возила по посебни желби. Во регионот се продаваат повеќе возила на Ферари, отколку во Британија, Швајцарија или Франција.

Претходна објаваГерманските производители на автомобили ослободени од царини во Австралија
Следна објаваМерцедес-Мајбах не смее да отсуствува од „Ѓаволот носи Прада 2“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here