Германските производители на автомобили ослободени од царини во Австралија

Со потпишувањето на спогодбата за трговија меѓу Европската Унија и Австралија се зголемува конкурентноста на германските производители на автомобили. Се укинуваат царините и се ублажуваат законските одредби, на пазарот што главно им припаѓа на азиските соперници.

Фолксваген Амарок конкурира во сегментот на пикапите, коишто сочинуваат голем дел од австралискиот пазар. На сликата: Амарок за време на тестот во Аутомедиа во 2023 година

Со спогодбата се укинува царинската давачка во висина од 5 проценти за возила што се произведени во ЕУ. Тоа ги става производителите, како Мерцедес-Бенц, БМВ, Ауди, Фолксваген и Порше, во рамноправна положба со соперниците од Јапонија, Јужна Кореја и Кина, чиишто автомобили веќе се увезуваат во Австралија без царини, според постоечките договори.

Пактот што во Канбера на 24-ти март го потпишаа претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и австралискиот премиер Ентони Албанезе, претставува дел од пошироките напори на ЕУ, за да се обезбеди пристап до важни суровини, вклучувајќи литиум, којшто е клучен за производството на батерии за електрични возила. Со договорот за минерали, ЕУ ќе ја смали зависноста од увоз од Кина.

Корист за германските марки и за купувачите на автомобили во Австралија

Договорот наиде на одобрување од здруженијата од браншата. АЦЕА, здружението на европски производители на автомобили, оцени дека укинувањето на царините ќе ги стави извозниците од ЕУ во рамноправна положба во однос на конкурентите што веќе се ослободени од царини.

Германската ВДА гледа позитивен сигнал во договорот. Австралиската комора на автомобилската индустрија смета дека ослободувањата од царина ќе направат европските возила да станат подостапни за купувачите во Австралија.

Германските производители загубија дел од пазарот во Австралија во изминатите години. Нивното заедничко учество на пазарот падна на околу 9 проценти, наспроти 12,7 проценти во 2020 година.

Опадна продажбата на Фолксваген, додека БМВ расте

Фолксваген доживеа најголем пад, со 28.970 возила во 2025 година, во споредба со близу 40.000 возила во 2022 година. Мерцедес-Бенц лани продаде 27.581 возила, во споредба со 29.455 возила. БМВ ја зголеми продажбата од 23.520 возила во 2020 година, на 26.842 возила лани. Порше исто така имаше пад од 5.133 на 4.243 возила.

Австралискиот автомобилски пазар брои вкупно 1,2 милиони возила годишно. Пазарот главно го сочинуваат СУВ, пикапи и доставни возила. Тојота, Форд, Мазда, Киа и Хјундаи доминираат на пазарот. Кинеските марки освоија 15 проценти од пазарот.

Новото Рено Клио ја вжештува конкурентската трка во класата

Подобри услови за луксузните електрични возила на германските марки

Со промените во даночењето на луксузните автомобили во Австралија се очекува да профитираат германските премиум марки. Прагот за даночната стапка од 33 проценти за увезени електрични возила ќе се помести од сегашните 55.000 евра, на 72.000 евра, со што поскапите ЕВ ќе бидат ослободени од повисок данок.

Претседателката на ВДА, Хилдегард Милер, изјави дека промените во данокот за луксуз се „од посебна важност“ за германските производители на автомобили.

ВДА ја поздрави и одлуката на Австралија да ги признае типските хомологации од ЕУ, што ќе го забрза пуштањето во продажба на новите модели.

Спогодбата прво треба да мине ратификација од Европскиот Парламент и од австралиското законодавство, така што истата нема да стапи на сила пред 2027 година.

Претходна објаваРасте продажбата на автомобили во Европа, се бараат електрични возила
Следна објаваФерари продолжи да испорачува возила на Средниот Исток, Иран не е пречка за бизнисот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here