за

Audi подготвува конкурент на LaFerrari за 2016 година

Идниот суперспортски модел на Audi може да ја носи ознаката R10 во чест на тркачката легенда од Леман - и цилиндрите се толку на број

R8 уште кусо време ќе биде единствен суперспортски модел со четири прстени. Во 2016 година доаѓа R10 со моќност до 1.000 КС, како противник на LaFerrari и McLaren P1.

Менаџментот на Audi го одобрил планот во 2016 година марката од Инголштат да започне со продажба на новиот суперспортски модел над актуелниот R8. Идниот R10 ќе користи нов мотор со зафатнина од шест литри во конфигурација V10, којшто ќе ослободува моќност од 850 КС, а во комбинација со електромотори ќе понуди и до 1.000 КС. Дека ова ниво на моќност е сосема остварливо ќе докаже и студијата Lamborghini Asterion на претстојниот салон во Париз, со своите 910 КС.

Заради задоволување на строгите норми за издувни гасови, десетцилиндарецот при пониски оптоварувања ќе ги исклучи четирите надворешни цилиндри и ќе работи како V6. Суперспортскиот R10 ќе поседува карбонска моношасија и ќе биде поголем во споредба со R8, на когошто исто така му претстои замена со нова моделска генерација. Шасијата ќе може да се искористи и за дополнителен модел на Porsche, позициониран меѓу 918 Spyder и 911 Turbo S. Покрај тоа, новиот мотор V10 ќе го замени и застарениот мотор W12, со можност за негово вградување во следната генерација на Panamera или во некој од моделите на Bentley. Десетцилиндарецот би одговарал и за идниот спортски теренец на Lamborghini, како и за помал модел на Bugatti, доколку концернот реши да ја проширува моделската понуда на ексклузивната марка.

Серијата на Audi R10 би била ограничена на неколку илјади примероци, со цена меѓу два и 4 милиони евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Renault Trafic ќе се произведува во истата фабрика со Laguna и Espace

Спектакуларно пристигнување на Land Rover Discovery Sport во Париз