за

Спектакуларно пристигнување на Land Rover Discovery Sport во Париз

Ден пред официјалното салонско деби, новиот „Диско“ пристигна во центарот на Париз пловејќи на 80-метарски траект по реката Сена. Уште целиот штанд на Land Rover ќе му припадне на новиот модел.

Новиот Land Rover Dicovery Sport пристигна за дебито во Париз во очекувано непредвидлив британски стил. Две возила Discovery Sport изведуваа динамично деби возејќи по џиновскиот 80-метарски траект по реката Сена. Церемонијал мајсторите на тој начин сакаа да ја демонстрираат способноста за изведување вртоглавии на марката Land Rover, покрај седумте огромни чизми Велингтон во дречливи бои, во знак на седумте седишта што ги поседува новиот Discovery Sport.

Изненадување беше и појавувањето на британската супермоделка и актерка Рози Хантингтон-Вајтли на сопствената модна писта на Land Rover. Нејзиното позирање покрај наследникот на Freelander и 4,5-метарските чизми во боите на британското знаме предизвика медиумско лудило во француската престолнина. По првото прикажување на Discovery Sport пред медиумите, траектот продолжи да плови по Сена, покрај легендарните обележја на градот, како Ајфеловата Кула и Нотрдамската Катедрала.

Со цел да се нагласи значењето на новиот модел, Discovery Sport ќе биде единствен модел што утре ќе се најде на штандот на марката во Париз.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi подготвува конкурент на LaFerrari за 2016 година

Jaguar ги објави цените за новиот XE: Старт од 27.000 фунти