Audi стартува со продажба на R8 Spyder V10: Цената е 179.000 евра

Од утре, салоните на Audi стартуваат да примаат нарачки за новиот суперавтомобил со четири прстени. Со 540 КС и исто толку њутнметри, R8 Spyder V10 спринтува до сто за 3,6 секунди и постигнува 318 километри на час.

По светската премиера во март, новиот R8 Spyder V10 од утре ќе биде достапен за нарачка во салоните на Audi. Цената за германскиот пазар изнесува 179.000 евра. Десетцилиндарецот – без помош од турбонатполнење – извлекува 540 КС и 540 њутнметри, што се претвора во спринт до сто за 3,6 секунди и крајна брзина од 318 километри на час. Важен детал за уживање во карактеристичниот звук на моторот V10 е отстранливиот платнен покрив.

Шасијата на суперспортскиот Audi е изработена од алуминиум и пластика комбинирана со карбон. Отпорноста на торзија е зголемена за 50 проценти во споредба со претходникот. Со полн резервоар и возач, R8 Spyder V10 тежи 1.720 килограми, односно 1.612 килограми на „суво“.

Погонот на сите тркала со распределба преку електрохидраулична ламеласта спојка може да пренесе до сто проценти од вртежниот момент само на предните или задните тркала, зависно од ситуацијата во возење

Седумстепен менувач со двојна спојка ја пренесува силата од V10 до сите тркала, преку електрохидраулична ламеласта спојка. Зависно од ситуацијата, до 100 проценти од вртежниот момент може да се пренесе на само една оска. На возачот му стојат на располагање опциите на Audi drive select, со когошто може да се избираат различни модуси за возење, за R8 на момент да биде комфорен крстосувач, на момент вистински тркач на патека.

Виртуелниот кокпит, како што Audi го нарекува огромниот дисплеј од 12,3 инчи со можност за конфигурирање по желба, следува како стандард. Секако дека најатрактивен е „перформанс-модусот“, кога на дисплејот се прикажуваат информации за вртежниот момент и моќноста, температурата на маслото и гумите, времето на круг и страниното забрзување.

Audi R8 Spyder V10 се изработува речиси рачно во специјално изграден погон во близина на фабриката во Некарсулм – „Ауди Белингер Хофен“.

Претходна објаваЛондон се справува со инвазијата од суперавтомобили
Следна објаваMazda3 со освежување за новото моделско годиште

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here