за

Audi произведува и гориво за своите возила

Германците произведуваат возила, но отсега и гориво за нив. Моделот A3 g-tron вози на метан што се произведува во фабрика на Audi. Почнува со еко-струја, вода и СО2, се добива водород и синтетски метан.

Алтернативните горива напредуваат незапирливо. Последен доказ за тоа е погонот на Audi за добивање на гас со помош на еколошка струја во германскиот Верлте. Во овој погон се случуваат два процеса: Електролиза и метанизација. Во првиот чекор се користи вишокот еко-струја со која што се напојуваат три електролизери, а тие пак ја раздвојуваат водата на водород и кислород.

Погонот за e-gas на Audi може да произведува 1.000 тони метан годишно, со што атмосферата се спасува од 2.800 тони СО2. Тоа е количина на штетниот гас за која што се потребни 220.000 букови дрва да ја апсорбираат

Водородот може да се користи за погон во идните возила со горивни ќелии – овие возила моментно постојат само во занемарлив број, а и инфраструктурата е скромна. Затоа, пак, водородот продолжува да се процесира во втората постапка во погонот и се трансформира во гориво што се користи за возила со погон чија што застапеност се зголемува сé повеќе, а соодветно е развиена и инфраструктурата од станици за точење гориво. Станува збор за возила со погон на метан, односно компримиран природен гас. Audi го користи водородот добиен во погонот во Верлте, за реакција со СО2, при што како краен продукт произлегува синтетскиот метан, односно т.н. Audi e-gas. Овој вештачки произведен гас е речиси идентичен со фосилниот земјен гас и може да се дистрибуира преку постоечката мрежа од станици за точење метан.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нов тренд во Кина: Расте интересот за користени возила

Комбито од Honda Civic се враќа по две децении