за

Нов тренд во Кина: Расте интересот за користени возила

Најголемиот пазар за автомобили во светот продолжува да расте. Продажбата во јули се зголеми за 10,5 проценти во споредба со ланскиот месец. Досега доминираа новите возила. Но, полека расте и интересот за користени возила. Според министерството за трговија, трговците во минатата година продале околу осум милиони користени возила.

Автомобилите од втора рака учествуваат со 40 проценти на пазарот. За споредба, во Германија доаѓа едно ново возило на две користени возила, додека во Велика Британија со користени возила се тргува три пати повеќе отколку со новите. Како што се зголемува бројот на Кинези што го купуваат својот втор или трет автомобил, така расте и пазарот за користени. Во Пекинг веќе се продаваат повеќе користени отколку нови возила. За две години може да се случи возилата од втора рака да се продаваат повеќе од новите на целата територија на земјата.

Пазарот на користени уште не е развиен, првенствено заради недовербата на потенцијалните купувачи. Клиентите често пати се сомневаат дека возилото има претрпено судир. Проблем претставува и тоа што не постои репер според кого што ќе се ориентира цената на возилото на пазарот за користени.

Големите марки веќе најдоа решение. Повеќе кинески производители планираат да понудат техничка проверка на состојбата на користените возила во нивните сервисни работилници и да посредуваат при продажбата. На тој начин ќе се зголеми довербата на купувачите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla продолжува со освојување на пазарот

Audi произведува и гориво за своите возила