Audi подготвува електричен теренец против Tesla Model X

Идните модели „е-tron“ ќе се разликуваат со дизајнот од моделите со конвенционален погон во понудата на Audi. Дизајнот ќе го воведе идниот електричен кросовер

Германците развиваат голем теренец со погон на струја и автономија од 500 километри, како конкурент на најавениот Tesla Model S. Шефот на Audi сепак навива повеќе за еден друг вид на погон.

Според шефот на Audi, Руперт Штадлер, хибридниот погон со надворешно полнење на батериите ќе доминира и во следните 10 до 15 години над останатите видови на погонски решенија со електрификација на погонската спрега. Предноста, според Штадлер, е во балансот меѓу возење со погон на струја во град и возење со погон од конвенционален мотор за подолги патувања. Првиот модел со плаг-ин хибриден погон на Audi е A3 Sportback e-tron, којшто стартуваше со продажба лани во ноември. Компактниот автомобил вози до 50 километри со енергијата во батериите.

Но, напредувањето на батериската техника и ширењето на мрежата од полначи за струја во следните години ќе придонесе за порапидна експанзија на чистиот погон на струја. Во таа насока, Audi подготвува голем теренец со погон на струја и автономија од преку 500 километри, чијашто премиера ќе следува рано во 2018 година. Електричниот теренец ќе има различен дизајн од „стандардните“ модели на Audi и неговиот стил во иднина ќе го следат останатите модели со електрификација на погонската спрега.

Баварците ќе ја користат платформата MLB на концернот Volkswagen, којашто овозможува голема заштеда во тежината, а со тоа и подобрување на автономијата. Шефовите не откриваат повеќе технички детали околу идниот модел, но според инсајдерите, основата ќе потекнува од следната генерација на Audi Q5 и ќе ја носи додавката e-tron, којашто Audi ја користи за своите хибридни и електрични возила. Со користење на брз полнач, батериите ќе достигнуваат наполнетост од 80 проценти за само 20 минути.

[quote_box_right]Кина започна со изградба на мрежа од брзи полначи за струја којашто покрива патишта во должина од 16.000 километри, со полнач достапен на секои 50 километри. Оваа инфраструктура ќе стане оперативна до 2020 година. Повеќе држави работат на слични проекти.[/quote_box_right]

Овој теренец ќе го означи влезот на Audi во подостапниот сегмент на електрични автомобили. Единствен автомобил со погон на струја на Audi во моментов е суперспортскиот R8 e-tron, којшто доживеа премиера во Женева и располага со автономија до 450 километри, двапати поголема во споредба со првата генерација, како резултат од примената на нови батериски ќелии.

Претходна објаваHonda HR-V меѓу најштедливите модели во класата
Следна објаваИспорака на пратка директно во багажникот на автомобилот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here