за

Audi има проблем со заглавување на воланот

Магазинот Auto Bild објави дека моделските серии A4, A5, Q5, A6 и A7 имаат проблеми со управувањето. Производителот ќе го реши проблемот со сервисна акција за замена на софтверот.

Често копираниот, но секогаш недостижен германски магазин Auto Bild, умее да ги реши проблемите на неговите читатели со автомобилите. Магазинот пишува за брачниот пар Гертруд и Томас Швајцер и за проблемите со нивниот деветти автомобил од марката Audi. По обновувањето на софтверот во минатиот декември, управувачот на нивниот A6 Avant 3.0 TDI се заглавува во неутралната положба. За воланот да се помести од средишната положба е потребно многу сила, односно се стекнува впечаток како да е активирана безбедносната брава на воланот. Парот Швајцер се жали дека се чувствува небезбедно и дека мора постојано да се корегира правецот со воланот.

Audi е запознаен со проблемот и смета дека се работи само за непријатно чувство. Според Audi, во Германија има околу 1.000 вакви случаи кај возила произведени по 2011, но и од 2012 и 2013 година. Проблемот ќе се надмине со бесплатно вчитување нов софтвер во сервисна акција која што ќе започне во јули.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Нарачките за хибридниот Volvo двапати над очекувањата

Раст од 2% на априлската продажба во ЕУ