за

Aston Martin ги откри парадните коњи за фестивалот во Гудвуд

Најголемите љубители на автомобилизмот секоја година се упатуваат на аџилак кон поседот на лордот Марч во британскиот Гудвуд. Aston Martin ќе направи посетата да биде вредна, со првиот настап на DB11 во возење.

Aston Martin останува верен на традицијата и повторно ќе се погрижи да предизвика еуфорија кај публиката на Фестивалот на брзината во Гудвуд. Манифестацијата што се вбројува меѓу најважните прослави на мотоспортот и на автомобилизмот воопшто се одржува секоја година во британскиот Гудвуд, а Aston Martin секако нема да пропушти таму да го прикаже најдоброто со што располага во моментов.

DB 1 дебитираше на салонот во Женева, како најважен новитет по Aston Martin DB9 од 2003 година
DB 1 дебитираше на салонот во Женева, како најважен новитет по Aston Martin DB9 од 2003 година

Новиот DB11 кој имаше премиера на салонот во Женева во март, во Гудвуд за првпат ќе се покаже во возење пред светот. Тој е најмоќниот, најдинамичен и најефикасен модел во историјата на серијата DB и најважен новитет на Aston Martin по DB9 од 2003 година. Зад воланот на DB11 во Гудвуд ќе биде лично шефот Енди Палмер, во демонстрирање на 608-те КС од куќниот 5,2-литарски V12 со двојно турбонатполнење.

Ентузијастите на автомобилски аџилак кај лордот Марч во Гудвуд

Доктор Палмер го го објаснува значењето на настанот: „Фестивалот на брзината во Гудвуд е меѓу највредните настани во летната сезона и прекрасниот имот на лордот Марч стана место за аџилак на автомобилските ентузијасти.“ Секако дека шефот на Aston Martin повторно ќе го пушти ултраексклузивниот Vulcan со 831 КС од седумлитарски атмосферски V12, со комплетно карбонска конструкција и лимитиран на 24 примероци. При ланската премиера, Vulcan беше „стар“ само три денови и првпат провозе токму на ридската патека во Гудвуд.

Aston Martin Vantage GT8
Aston Martin Vantage GT8

Службената марка на Џејмс Бонд ќе ја одбележува и традицијата на Vantage, со екстремната изведба GT8 на овој модел, произлезена како патничка варијанта од тркачкиот V8 Vantage GTE. Уште еден новитет ќе вози во Гудвуд, Aston Martin V12 Vantage S, како еден од ретките суперспортски модели што се достапни со мануелен менувач – со „прва долу лево“.

Фестивалот на брзината во Гудвуд се одржува редовно од 1993 година и претставува најголема и најважна забава на отворено за љубителите на автомобилизмот, во спектакуларната природа во Западен Сасекс.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Водородниот Mercedes GLC ќе има и приклучок за струја

Електричните автомобили ќе ги ублажуваат осцилациите во струјната мрежа