166
21 shares, 166 points

Две возила на Google опремени со камери, кои вообичаено прават нови снимки за Street View, дополнително поседуваат специјална техника за мерење на загаденоста на воздухот со азотни оксиди, ситни честички и гареж.

Интернет гигантот Google цела година ќе ја мери загаденоста на воздухот во Амстердам. Во наредниот период, две специјално опремени возила повеќепати ќе ги минуваат сите улици, со цел да се добие просечна вредност на загаденоста на воздухот. Тоа денес го соопштија од Универзитетот Утрехт, којшто е задолжен за проектот.

Мерењата досега се вршеа само на стационарни станици; Возилата на Google ќе испорачуваат неверојатна количина на податоци, од коишто ќе може да се извлечат многу потемелни заклучоци околу загаденоста на воздухот во Амстердам

Двете возила на интернет концернот го вршат редовното обновување на снимките за онлајн-услугата Street View, но се дополнително опремени со техника за мерење на концентрацијата на азотни оксиди, ситни честички (PM) и гареж. Точните податоци ќе им овозможат на градските планери да ги локализираат подрачјата од градот со слаб квалитет на воздух и да преземат соодветни мерки. Податоците ќе им бидат достапни на жителите.

Мерења на загаденоста на воздухот со автомобили на Google претходно се извршени во Копенхаген и во Оукленд, Канада.

Овие 15 држави во ЕУ го ограничуваат сообраќајот при загаденост

Унгарија и Чешка со тужби поради загадениот воздух од увозот на стари дизели

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
21 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *