за

Amazon Prime ќе испрати тројца среќници на снимањето на The Grand Tour

Водителската тројка на некогашниот „Top Gear“ бара фановите да испратат фотографија или видео од најнеобичното место на коешто поставиле шатор. Тројца победници ќе бидат наградени со патување, сместување и присуство на снимањето на првата епизода на The Grand Tour во Јоханесбург.

Amazon Prime ќе награди тројца фанови на водителската тројка на некогашниот Top Gear со влезници, сместување и присуство на снимањето на првата епизода на нивното ново шоу The Grand Tour. Снимањето ќе се случува на 17-ти јули во Јоханесбург, во Јужноафриканската Република. За учество во натпреварот е потребно на социјалната мрежа Twitter да се објави фотографија или видео од најнеобичното место на коешто кандидатите имаат поставено шатор, под хаштагот #TheGrandTourJoburg. Легендарната водителска тројка на некогаш најгледаното автомобилско шоу во светот потоа ќе ги избере тројцата победници, со најоригинална локација за поставување шатор. Рокот за објавување е 8-ми јуни. Повеќе информации за учеството може да се прочитаат на www.amazon.co.uk/Joburg. Македонија исто така е на списокот на држави што учествуваат во натпреварот.

Наградата вклучува платен пат и сместување во Јоханесбург, а секако и присуство во публиката во џиновскиот шатор кадешто ќе се снима првата епизода од The Grand Tour. Шоуто ќе стартува со емитување наесен, на популарниот канал за видео-стриминг Amazon Prime. Секое шоу на Кларксон, Хамонд и Меј ќе се снима на различна локација во светот. Сите новитети околу несомнено возбудливото шоу ќе се објавуваат на www.facebook.com/thegrandtour и на www.twitter.com/thegrandtour.

Не заборавајте, хаштаг #TheGrandTourJoburg и невообичаено место за шатор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo го подготвува V90 Cross Country како наследник на XC70

Кабриолетот од Mercedes C-Class е автомобил 4 x 4 x 4