Alfa Romeo лансираше специјална серија на Giulietta

Миланската автомобилска куќа понуди посебна серија Collezione во моделската гама на Giulietta. Моделот ќе се изработи во ограничена серија и во многу детали се разликува од стандардниот.

Највпечатливиот детал на Alfa Giulietta Collezione е покривот кој е лакиран во контрастен тон во однос на бојата на каросеријата. Покрај тоа, Италијанците додаваат уште неколку уникатни детали во надворешниот изглед, елегантни елементи во ентериерот, моќни мотори и збогатена опременост.

Collezione е достапна во црна, црвена и бела боја, со покрив во сива, односно црна боја. Надворешниот изглед го комплетираат алу бандажи од 17 инчи со титаниумски финиш, куќишта на ретровизорите во титаниум, затемнета основа на светлата и хромирани рачки на вратите.

120913_AR_Giulietta_Collezione

Внатрешноста исто така е во контраст со бојата на каросеријата, со комбинација од црна и црвена боја и со благороден материјал за седиштата и со титаниумски финиш на украсните панели на вратите, на средишната конзола и на арматурната табла. Клима уредот и Blue&Me се во стандардната опрема.

Изборот на мотори го сочинуваат бензинските 1.4 TB со 120 КС и 1.4 TB MultiAir со 170 КС и дизелските 1.6 JTDM-2 со 105 КС и 2.0 JTDM-2 со 140 КС.

Претходна објаваНа летен одмор со автомобилот – и со четирите велосипеди!
Следна објаваТракс Макс • Трендот на малечките теренци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here