Многумина посакуваат да ги понесат своите велосипеди на летниот одмор. Opel ја исполнува оваа желба со системот Flex Fix, посебен држач за велосипеди кој се извлекува од браникот.
Flex Fix е едноставен, компактен и првенствено безбеден систем за превоз на велосипедите. Марката Opel е единствен производител кој го нуди овој систем, и тоа речиси за целата моделска гама. Носачот е вграден во задниот браник и не се забележува кога не се користи, но најголемата предност е во тоа што системот е постојано во автомобилот. Носачот за велосипеди се извлекува од задниот браник како еден вид фиока и по користењето повторно се вовлекува назад. Тоа овозможува Flex Fix да се користи во секое време и на секое место.
Во втората генерација на системот, носачот може да се наведне заедно со велосипедите на него и да се пристапи до багажникот. Комбито Astra Sports Tourer и компактниот ван Zafira Tourer можат да носат до четири велосипеди, а спортскиот теренец Mokka до три велосипеди. Дури и малечкиот Adam може да носи еден велосипед со тежина до 30 килограми, а со дополнителен адаптер уште еден велосипед со тежина до 20 килограми. Вкупната носивост на носачот кај Astra изнесува 80, кај Mokka 60 килограми.
Дополнителна предност е во тоа што носачот за велосипед на Opel не предизвикува зголемување на потрошувачката до 20 проценти, како што е случај кај носачите на покрив. Покрај тоа, поради посебното прицврстување на велосипедите нема потреба брзината при возење да биде ограничена на 120 километри на час.