за

Alfa Romeo Giulia и Stelvio со светла по пример на Tonale

Успехот на Tonale е очигледен, буквално. Сосем новиот модел направи легендата на марката Giulia да го смени стилот по негов пример, заедно со сестринскиот модел Stelvio.

Многу нешта се сменија во Alfa Romeo со доаѓањето на Tonale, којшто ѝ отвори поширок круг купувачи и ја врати големата марка да биде меѓу главните на сцената. Giulia и Stelvio добијваат графика на светлата по пример на Tonale, заедно со повеќе нагласен „трилобо“.

Giulia и Stelvio успеаја во големиот предизвик, да го вратат сјајот на големото име на Alfa Romeo на сцената. Моделите од врвот на понудата на миланската марка нудат совршена распределба на тежината меѓу оските, врвни возни својства, напредна технологија, врвни мотори, и секако, дизајнот како главен што сето тоа го спојува и му дава душа.

Двата модели од февруари 2023 година ќе се испорачуваат во освеженото издание, со нов стил, и нова технологија. Промените во изгледот се воочуваат во благо изменетата форма на „скудето“ – маската на Alfa Romeo, и во двата издолжени отвори долу во браникот, коишто заедно сочинуваат „трилобо“, како препознатлив дизајнерски елемент на историските модели на марката.

Главната промена сепак е во светлата, коишто го прифаќаат стилот 3+3 од Tonale, и доаѓаат со нова технологија на матрични диодни светла, заедно со автоматско долго светло. Сите три постоечки модели ја црпат оваа инспирација од Alfa Romeo SZ Zagato и од концептот Alfa Romeo Proteo. Италијанската марка додава и драматика со последувателно вклучување на триделните трепкачи. Задните светла сега се поставени под чисто стакло кај Giulia, односно под мат-стакло и сјајна црна основа кај Stelvio.

New item by Automedia MK / Google Photos

Целината на дигиталните инструменти исто така го следи примерот од Tonale, во историскиот „телескопски“ дизајн на Alfa. Меѓу начините на прикажување на информациите во новиот дисплеј од 12,3 инчи се наоѓа и „Heritage“, во стил на моделите од 60-те и 70-те години.

Дополнета е функционалноста на инфо-забавниот систем, заедно со можност за вчитување нов софтвер по “Over the Air”, како и можност за отворање на вратите оддалеку преку мобилен телефон. Од Tonale доаѓа и технологијата NFT (Non-Fungible-Token), којашто бележи дигитални записи за користењето на автомобилот, за при идна продажба на возилото, купувачот да има веродостојна и комплетна слика за истото.

New item by Automedia MK / Google Photos

Составот на моделската понуда исто така е преземен од Tonale. За новите Giulia и Stelvio се достапни две нивоа на опрема, Super и Ti. Купувачите можат да додадат пакет Sprint за основното ниво Super, за да се стави дополнителен нагласок на спортскиот стил. Нивото Ti, повеќе ги нагласува елеганцијата и посебноста на марката, а тука е опција пакетот Veloce, што нуди максимум во поглед на спортскиот карактер и во искористувањето на перформансите.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новини има и во понудата од мотори. За сите четири варијанти може да се избере 2,2-литарски дизел со 160 КС, во конфигурација со заден погон. Таа им се придружува на бензинецот со 280 КС и погон на сите тркала, како и на дизелот со 210 КС, исто така со погон Q4.

Специјална серија Competizione, за врвен стил и перформанси

За почетокот на продажбата на новите Giulia и Stelvio, Alfa Romeo ја нуди и специјалната серија Competizione, којашто е во најверната традиција на марката. Основа е нивото Veloce, може да се бира кој било мотор, и тоа е врвната варијанта во гамата на двата модели. Каросеријата е лакирана во „месечева“ сива мат боја, сопирачките клешти се црвени. Тркалата од 21 инч прават појавата да биде уште поубедлива.

Аудиосистем Harman/Kardon е задолжителен, со тоа доаѓаат арматурна табла обложена со кожа и седишта со црвена опшивка. Задните стакла се затемнети, знакот за Competizione се наоѓа на сите страни и на предните потпирачи за глава. Ексклузивната Alfa Active Suspension е стандард, исто и NFT.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Каде што има Alfa Romeo Tonale, има и Giulia и Stelvio

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

турбо дизел знак

ЕУ забранува продажба на нови дизели и бензинци по 2035 година

Porsche 911 повторно ја полни касата на спортската марка