за

Каде што има Alfa Romeo Tonale, има и Giulia и Stelvio

Светот бара СУВ-модели, а корените на Alfa Romeo се во лимузините и купеата. Затоа е сосем природно тоа што со доаѓањето на новиот Tonale, салонските рефлектори повторно се пуштени да светат силно кон Giluia. Кон Stelvio, секако.

Tonale во моментов е најголемиот модел на Alfa Romeo. Во време кога браншата е среќна со тоа како успева електромобилноста и во време кога автомобилскиот свет бара масивни промени, компактниот СУВ се појави и со електромотор во погонот и со силен италијански печат, што прави Tonale да се разликува. Успешниот старт на моделот воедно го насочи вниманието кон главните носители на имиџот на марката, кон Giulia и нејзината СУВ-сестра Stelvio.

Најновата статистика што ја води европскиот пазар, пријавува раст во продажбата на Alfa Romeo Stelvio, во периодот од јануари до август годинава. На 27-те најголеми пазари во ЕУ, во првите осум месеци од годината биле продадени 11.176 примероци од СУВ-моделот од средната класа. Тоа е за 7 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Позитивниот резултат е постигнат во време кога на браншата не ѝ се испорачуваат доволно чипови од производителите, во време кога рабатите се минато и општо постои неизвесност. Како тоа му успеа на престижниот Stelvio?

Одговорот доаѓа од истата таа статистика, каде што од мај годинава фигурира третиот модел на Alfa Romeo, новиот Tonale. Со 945 продадени примероци во август, незначително помалку од Stelvio со неговите рамно 1.000 примероци, Tonale се пријавува за нов бестселер на марката. Ретки се примерите кога помалите модели им носат продажба и на поголемите модели од една марка, а токму тоа се случи со Tonale и Stelvio. Сцената повторно се смее задоволно кога ќе се спомне Alfa Romeo. И реагира соодветно.

Што значи плусот на Alfa Romeo Stelvio, најдобро покажуваат бројките на конкуренцијата. Seat Тarraco има пад од 50% (9.048 возила до август), Honda CR-V исто така е во пад (-17%, 9.442 возила), а негативниот тренд го следат и Hyundai Santa Fe (-6%, 6.480 возила), Nissan X-Trail (-95%, 368 возила), Mazda CX-5 (-19%, 17.722 возила).

Дури и Giulia, една од ретките лимузини во средната класа, што е релевантна на пазарот, а не доаѓа од германското трио, го користи грбот на Tonale, па продажбата ја држи само 3 проценти под ланското ниво. До завршетокот на август биле продадени 3.871 возило. За споредба, еден Ford Mondeo, што е надвор од премиум сегментот, во истиот период достигнал 5.009 продажби (-46%). Следат уште Mazda 6 (пад во продажбата од 32%, 2.320 возила) и Jaguar XE (465 возила до август). Останатите играчи се C-Class (+30% до авг. 22), A4 (-17%), Серија 3 (-33%), Volvo S60 (-52%).

Пораката со двата различни модели во иста боја и со ист мотор: Каква и да е каросериската форма, оваа марка од тоа ќе направи Alfa Romeo

По големата раздвиженост што ја донесе Tonale и по неколку месеци целосна посветеност на марката Alfa Romeo кон новиот модел, во салонот на Аутомобиле СК за италијанската марка ,во завршетокот на овој сончев октомври се најдоа Giulia и Stelvio, двата лакирани во иста боја Blu Anodizzato. Заеднички за двата модели се уште нивото на опременост Sprint и 2,2-литарскиот дизел со 190 КС, во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Ова поклопување секако дека носи порака: Миланската марка може секоја каросериска форма да ја направи да биде Alfa Romeo.

Giulia не отсусвуваше долго од спектаклите на миланската марка. Летово во Македонија беше испорачан ексклузивен примерок од Giulia Estrema, како преодно скалило меѓу „цивилната“ гама на марката и екстремната Quadrifoglio со нејзиниот Ferrari V8 под хаубата. Фановите на италијанската марка се будни за случувањата во нивната автокуќа, па така во кусиот разговор со сопственикот на Giulia Estrema дознавме дека го нарачал ексклузивниот модел во мизано-сина боја веднаш по објавувањето на стартот на продажбата, за возилото да биде испорачано по неколку месеци.

Sprint е второто ниво на опрема, по Super, a пред TI и Veloce. Тоа што миланската марка го вградува екстра во Super, над појдовниот модел, се тркала од 18 инчи со дизајн на турбина, седишта во комбинација од кожа и платно, задна камера и волански рачки за менувачот од алуминиум. Тоа се само неколку од посебните детали на Sprint, со име што се повикува на долга историја во Alfa Romeo.

Carstore на Аутомобиле СК дава целосен и точен преглед на тековната залиха од модели од сите марки што ги застапува компанијата

Двата модели се уредно прикажани во онлајн-салонот на Аутомобиле СК, на https://carstore.automobilesk.mk/ , како еден од најкорисните и најпрактични начини за купувачите да се информираат за актуелната понуда. Цената на оваа Giulia Sprint е 54.900 евра. Како што покажува „карстор“, на лагер се наоѓжа и бензинска изведба со 200 КС, во црвена боја, исто така во нивото Sprint, со цена од 56.900 евра.

Stelvio е најдобриот доказ колку алфистите ѝ се верни на својата марка. СУВ-моделот со платформата од Giulia постигнува повисока продажба од лимузината со највредното име во историјата на Alfa Romeo. Конкретниот примерок од претсалонската сесија располага и со долг список од дополнителна опрема, вклучувајќи меѓу другото електрика и греење за предните седишта, понапреден пакет од системи за асистенција и спортски кожени седишта. Така и цената на овој шоу-модел доаѓа до 71.530 евра.

Случувањата околу марката повторно ќе се префрлат на Tonale, откако ќе почне испораката на моделските изведби од стандардната понуда. СУВ-компактот досега беше достапен само во ексклузивната изведба Speciale, со изобилство опрема и цена од рамно 50.000 евра. Со пристигањето на новите изведби, гамата ќе почнува од 39.900 евра, за Tonale Sprint со дизел мотор со 130 КС или со благ хибриден погон, исто така со 130 КС.

Следен новитет е Brennero, СУВ врз заедничка платформа со новиот Jeep Avenger, којшто во гамата ќе биде позициониран под Tonale. Изненадувањата се за очекување.

Тест · Alfa Romeo Tonale 1.5 Hybrid Speciale · Секое време има своја Alfa

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Знаменосецот Grandland е вториот модел на Opel со значката GSe

Toyota планира десеткратно зголемување на продукцијата на електричниот bZ4X