за

Електричен Fiat 500 може да биде и Abarth

Спортската подмарка на Fiat преоѓа на целосно електричен погон. Abarth 500e нуди за третина повисока моќност од стандардниот електричен „500“.

Abarth 500e располага со истата батерија од 42 киловатчасови од верзиите на Fiat New 500 со подолг досег, но електромоторот е посилен и постигнува 114 kW, односно 155 КС, наспроти 87 kW на стандардниот Fiat New 500.

Abarth, подмарката за спортски модели на Fiat, го претсави својот прв целосно електричен модел, којшто е варијанта на Fiat New 500 и поседува посилен електромотор. Abarth 500e јка користи истата батерија од 42 kWh како во изведбите на Fiat New 500 што постигнуваат подолг досег, но моторот место 87 kW тука постигнува 114 kW, односно 155 КС. Тоа е за повеќе од 30 проценти повисока моќност.

Во соопштението од италијанската марка стои дека перформансите на електричниот модел се подобри во споредба со Abarth 695. Спринтот на Abarth 500e до темпо сто трае 7 секунди, што е за десетинка побавно во споредба со моделот со бензински мотор со 180 КС. Дисциплината во којашто владее новиот модел на струја е меѓузабрзувањето од 40 до 60 km/h и од 60 до 100 km/h. Во првиот случај, којшто прикажува динамика во градско вовење, 500e забрзува за една секунда подобро, додека во вториот случај, што дава пример за перформансите при возење на отворено, електричниот Abarth исто така е побрз за една секунда од „695“, којшто во моментот кога 500e веќе вози со 100 km/h, заостанува 15 метри зад него.

Во споредба со Abarth 695, електричниот Abarth 500e поседува и повисок вртежен момент, поправилна распределба на тежината, за 60 mm поширока трага и за 24 mm подолго меѓусокино растојание.

Спортските перформанси одат на сметка на досегот. Abarth 500е постигнува досег 250 километри, додека Fiat New 500 со истата батерија вози до 320 километри.

Возачот може да избира три режими на возење: Turismo, Street и Track. Спортскиот модел се разликува од Fiat New 500 во бројни подрачја, вклучувајќи ги предниот браник, страничните прагови, дифузорите назад и посебно дизајнираните тркала.

Како опција се вградува генератор на звук, „за тие што не сакаат да се откажат од непогрешливиот звук на Abarth,” порача директорот Оливие Франсоа при онлајн-претставувањето на моделот во Торино. Генераторот се раководи според електромоторот и го произведува звукот на бензинските мотори на Abarth.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Abarth_Official (@abarth)

Богато опремената серија за почетокот на продажбата, под името Scorpionissima, стартува со продажба во февруари, по цена од 43.000 евра во Италија. За споредба, Fiat New 500 чини 30.000 евра, не вклучувајќи ги субвенциите. Цените за стандардните модели не се објавени. Може да се избере и кабриолет изведба.

Abarth 500e прво ќе се продава во Европа, но Франсоа посочи дека моделот ќе биде понуден и на останатите пазари, меѓу кои Јапонија, Бразил, Австралија и Нов Зеланд, и Израел.

Наскоро следи поголем и посилен електричен модел на Abarth

Шефот Франсоа навести дека во блиска иднина ќе следат и други целосно електрични модели на Abarth, посочувајќи дека по 500e ќе следи „голем брат“, но не откри повеќе детали.

Понудата од модели на Abarth се состои од две изведби од Fiat 500, со ознаки 595 и 695. Верзиите на Fiat 500 со мотори со внатрешно согорување користат различна платформа од New 500 и 500e, со незначително помала каросерија во спроедба со електричните модели.

Италијанската марка до септември продаде 7.080 возила во Европа, што е за 34 проценти под нивото од лани. Марката е посебно популарна во Јапонија, каде што на спортските модели отпаѓаат околу 40 проценти од вкупната продажба на Fiat 500. Моделите на Abart достигнаа рекорд на јапонскиот пазар во 2017 година, кога се продадоа во 3.200 примероци.

Abarth во Бразил нуди СУВ-модел и главен е во мотоспортот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Benz GLC во салон: Луксузот го владеат како математичка операција

Русија повторно произведува Москвич, техниката е од Кина