Интерлагос е големо име во светот на мотоспортот, со историски важни трки во Формула 1 што се имаат одржано на оваа патека покрај Сао Пауло. Викендов таму се вози втората трка од свежо почнатото првенство во Формула 4 на Бразил. На чело на трката, првпат ќе се најде Abarth Pulse, лута изведба на Fiat Pulse, модел што постигнува шампионски продажби во Јужна Америка.
Во Бразил во мај се возеше првата трка од свежо востановеното првенство во Формула 4, коешто е дел од календарот на ФИА. Викендов претстои втората рунда, којашто се вози на прочуената патека Интерлагос, покрај Сао Пауло. Главната новина во бразилската Формула 4 ќе биде на пол-позицијата. Тоа е новиот Abarth Pulse, прв СУВ-модел на the Abarth. Локално произведуваниот модел ќе служи како безбедносно возило во првенството.
Моделот е развиен главно за бразилскиот пазар и се очекува продажбата да започне уште во текот на годинава. Повеќе компоненти се конструирани посебно за Abarth Pulse, за спортската изведба на Fiat Pulse, со цел да се постигнат спортски перформанси и возни својства, како што се очекува од возило со шкорпион во маската. Со 1,3-литарски турбо-мотор T270 со 185 КС, спринтот до темпо сто трае под 8 секунди, а крајната брзина е над 210 km/h. Повеќе технички детали околу возилото ќе бидат откриени во следна пригода.
Во меѓувреме продолжува и традиционалното британско првенство во Формула 4. Викендов се вози на патеката Нокхил во Шкотска. Во првенството се натпреваруваат 16 возила Tatuus F4 T421, со 1,4-литарски T-Jet со 180 КС.
Abarth 695 Tributo по 40 години од последната трка на Abarth 131 Rally