за

Бугари најавуваат електричен автомобил со 5.200 КС

Бугаринот Ахмед Мерчев, основач, извршен и оперативен директор на Alieno и конструктор на Unum, ветува електричен автомобил со 24 електромотори, 5.200 КС, брз 583 km/h.

Бугарскиот производител на „хиперколи“ Alieno, веќе работи на втор електричен автомобил, каков што светот досега нема видено. Со 24 електромотори, хиперколата ќе постигнува неверојатни перформанси. Може да се избере и погон на компримиран воздух.

Производителот на спортски автомобили од Бугарија, Alieno, пред четири години предизвика општа одушевеност во светот, најавувајќи ги моделот Arcanum. Со моќност од 5.200 КС, тој автомобил нема рамен на себе. Единствено е проблем тоа што Alieno досега не изработи ниту еден примерок од Arcanum. Но, тоа не е пречка за бугарите да продолжат со развојот на автомобили со вонземски способности и летово да го најават својот втор електричен хиперавтомобил.

Новиот модел Unum ќе се нуди во четири изведби, RP2, RP3, RP4 und RP5. Двете букви во ознаката се однесуваат на Raw Power, односно сурова моќ. Секоја следна изведба има по 1.000 КС повеќе од претходната. Најслабиот модел располага со 2.610 КС и вртежен момент од 4.440 Nm, што се постигнува со по три електромотори на секое тркало. Најсилната верзија ќе вози со 5.221 КС и 8.880 Nm. За тоа да се постигне, Ахмед ќе вградува по шест електромотори на секое тркало. Со сурова моќ од 24 електромотори, Unum ќе постигнува до 584 km/h.

Купувачите ќе имаат и можност за секоја варијанта да ја избираат во три подваријанти, односно STR (Street), TRC (Track) и RCE (Race).

Енергијата за напојување на оваа невидена моќност ќе ја обезбедуваат батерии и суперкондензатори. Во уличната конфигурација се вградува батерија од 180 kWh, за тркачка патека се доволни 120 kWh, а за учество на трка 60 kWh. Полнењето се одвива преку 800-волтна архитектура, со моќност до 350 kW. Полнењето според Alieno трае меѓу 10 и 30 минути.

Бугарските хиперавтомобилисти се подобри и во моќноста на полнење, па ветуваат дека нивните специјални системи за полнење можат по желба да постигнат и моќност од 900, па дури и 2.700 kW. Во тој случај, батеријата ќе се наполни целосно за четири минути.

Постои и специјална верзија што се води како Alieno TRS – The Rocket Successor. Тоа е погон со комримиран воздух. Слично како на цртан филм, при испуштање на воздухот што е под притисок од 700 бари, во правец зад возилото, се постигнува фантастично забрзување. Компримираниот воздих, според бугарите, може да се користи и за сушење на асфалтот по дожд, за Alieno да може да забрзува непречено. Електрични компресори го одржуваат притисокот постојан.

Тоа што изненадува најпријатно е тврдењето дека Alieno веќе има нарачки за Unum. За верзијата со обичен електричен погон треба на бугарите да им се плати 1,8 милион евра. За најсилната верзија, потребни се близу три милиони евра. Изработката на возилата трае меѓу 18 и 30 месеци.

Инвеститори со осет за вистинска зделка можат со вложување 9 милиони евра да стекнат 10% акции во компанијата, што значи дека бугарите во моментов ја ценат компанијата на 90 милиони евра.

Сцени од изградбата на фабриката

Колку се „краде“ со возењето под бугарски регистарски ознаки

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ландровери скокани по филмовите за Џејмс Бонд се нудат на наддавање

Abarth во Бразил нуди СУВ-модел и главен е во мотоспортот