Land Rover Defender 110, Range Rover Sport SVR и Jaguar XF, сите користени како каскадерски автомобили во ‘No Time To Die’ ќе бидат понудени на наддавање, во чест на 60-годишнината на филмовите за Џејмс Бонд.
Колекционери и други категории богаташи ќе наддаваат за два примерока од Land Rover Defender, од историско значење за светот на филмот, за Range Rover Sport SVR и за Defender 110. Само за последниов примерок се очекува да достигне меѓу 300 и 500 илјади фунти, затоа што со него се снимани легендарните теренски сцени во „No Time To Die“. Средствата од продажбата на овие возила одат во корист за Британскиот Црвен Крст.
Бројот под којшто каскадерскиот „110“ ќе биде понуден на наддавањето укажува на посебноста на автомобилот – 007. Тој е еден од десетте примероци од Defender 110 што биле користени при снимањето и воедно е автомобилот којшто ги придружуваше најавите за филмот.
Друг примерок од Defender 110, со ознака V8 Bond Edition, дело е на одделението за посебни нарачки SV Bespoke и изработен е по пример на возилата користени во „No Time To Die“. Неговата вредност: Од £200,000 до £300,000. Вкупно се изработени 300 примероци од Bond Edition, а ова е единствен примерок, затоа што на арматурната табла го има изгравирано логото ‘60 Years of Bond’.
LR Defender 110 V8 Bond Edition
Каскадерскиот Range Rover Sport SVR (£80,000-£120,000) исто учествуваше во бркотницата по теренот во „No Time To Die“ и еден е од шесте примероци обезбедени за снимањето. Тимот каскадери во филмот го избра Jaguar XF (£50,000 – £70,000) за совршен автомобил за бегство и еден е од двата примероци што се појавуваат во најавните сцени од филмот.
https://www.christies.com/james-bond
Наддавањето во чест на 60 Години на Џејмс Бонд опфаќа вкупно 60 предмети и ќе се одвива во две фази. Онлајн-продажбата ќе почне да ги прима првите понуди на 15-ти септември и ќе биде отворена до Денот на Џејмс Бонд, 5-ти октомври. На овој дел од наддавањето ќе се понудат 35 ставки од дваесет и пет филмови, вклучувајќи постери, костуми и филмски реквизити. Defender, Range Rover и Jaguar ќе бидат меѓу 25-те автомобили за коишто ќе се наддава во живо, во организација на Кристис, во Лондон на 29-ми септември.
Како се конфигурира Range Rover што вреди колку куќа на Водно?