Мисијата на овој автомобил му е напишана во името: Abarth 695 Tributo 131 Rally e специјален модел посветен на Abarth 131 Rally и ќе се изработи во само 695 примероци.
Abarth 131 Rally, автомобил за којшто сонувале генерации љубители на автомобилизмот, се враќа на улиците во ново издание. Најновата верзија на топ-моделот Abarth 695 е посветена на тркачката историја на Abarth. Трките се впишани во генетскиот запис на италијанската марка, а голем број технолошки решенија што се докажале на трките, подоцна биле применувани во сериските автомобили.
Abarth 695 Tributo 131 Rally користи 1,4-литарски мотор T-jet со 180 КС и 250 њутнметри при 3.000 вртежи во минута. Највисоката брзина е 225 km/h, спринтот до темпо сто трае само 6,7 секунди. Други нешта ја прават посебноста на ова градско мини за тркачки патеки. На двете оски се користат амортизери Koni FSD, а сопирачките се Brembo, со 4-клипни алуминиумски клешти напред и дискови од 305 mm напред, односно 240 mm назад. Задните дискови исто така се вентилирани.
Специјалната изведба располага со црни тркала од 17 инчи, обработени на фреза. Звукот е специјалност на издувниот систем Record Monza Sovrapposto. Тоа е унапредена изведба на Record Monza, со по две вертикално поставени издувни цевки на секоја страна. „Spoiler ad Assetto Variabile” се мести во 12 положби, од 0 до 60 степени. Кога спојлерот е наместен под 60 степени, воздушното струење при возење со 200 km/h притиска со 42 килограми.
Главното обележје е новата биколорна боја од три слоеви „Blue Rally“ со сјаен финиш, по пример на историскиот модел, но со додаден печат на денешницата. Abarth 695 Tributo 131 Rally е прв модел со шкорпионот во маската, во којшто се сокриени „велигденски јајца”. Станува збор за мали стилски обележја, што дизајнерите ги сокриле од директен поглед, за да ги изненадат клиентите. Силуетата на 131 Rally е гравирана во долниот дел од вратата, исто и на арматурната табла што е обложена со алкантара и на потпирачите за глава на новите седишта.
Легендарниот Abarth 131 Rally стартуваше во 1976 година, во група 4. Тркачкиот автомобил учествуваше шест години во светското првенство во рели (1976-1981), победи на 18 релија од интернационален карактер, освои три светски титули на производител (1977, 1978 и 1980) и две возачки титули во рели, со Марку Ален и Валтер Рерл.