за

Како за германска марка: Opel става нагласок на квалитетот

Квалитетот при испорака на возилата на Opel е подобрен за 25 проценти во последните дванаесет месеци. Тоа е основан дел од стратегијата на Риселсхајм.

Opel води моделска офанзива, но води и офанзива за подобрување на квалитетот. Целта е марката со молњата да постигнува највисок квалитет меѓу волуменските производители. Воведени се сложени механизми за обезбедување на квалитетот во производството.

Од Риселсхајм соопштуваат дека квалитетот на нивните автомобили и доставни возила е на историски рекордно ниво. Во последните 12 месеци, квалитетот при испораката на возилата е подобрен за 25 проценти. Ова тврдење произлегува од поплаките од клиентите, поточно од отсуството на поплаки од клиентите, коишто немаат забелешки за квалитетот на возилото во првата година по купувањето.

Квалитетот се нагласува посебно кај најновите модели што имаат стартувано со продажба, Opel Corsa и Opel Mokka. Единствената германска марка во концернот Stellantis применува врвни производствени стандарди, со коишто се обезбедува дека возилата ќе имаат „нулта грешка“ во моментот кога ќе ја напуштат производствената лента. Воведни се методи на анализа, коишто предвидуваат кога во одредени услови може да настане грешка во производството и предупредуваат на тоа.

Тоа е крајно сложена организација на производството, меѓутоа во основата може да се сведе на следното: Прво не се дозволува во производство да доспеат делови што имаат грешка. Значи, тоа е пред сé екстра контрола на квалитетот на деловите што се испорачуваат од страна на добавувачите.

Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line

Шефот на Opel, Хер Уве Хохгешурц, објаснува што се случува со квалитетот во Риселсхајм: „Во Opel и во целиот концерн Stellantis, поставивме амбициозни цели за квалитетот. Сакаме да станеме Број 1 меѓу волуменските производители. Секаде, каде што се исклучуваат грешки, го зголемуваме квалитетот, го подобруваме и задоволството на клиентите и во исто време ги скусуваме нашите трошпоци“.

Преку трошоците што се заштедеуваат со производството на модели на заедничка платформа, се овозможува поголемо вложување во квалитетот на производството

За подобрувањето на квалитетот придонесува и тоа што во производствените погони во германските фабрики во Риселсхајм и Ајзенах се воведени новите платформи на концернот. Стратегијата со производство на возила врз заедничка платформа, како и намалувањето на непотребната комплексност, претставуваат важни фактори за високиот квалитет и издржливоста на возилата.

Тест: Opel Mokka е како враќање на Manta и Calibra во СУВ-ерата

Во матичното седиште на Opel неодамна стартуваше сериското производство на новата генерација на Astra. Таму се произведуваат комбилимузинската изведба на Astra и комбито Astra Sports Tourer. Во Ајзенах се произведуваат сите верзии од Grandland со врвен квалитет. Тоа го потврдува и најновиот извештај на TÜV, во којшто знаменосецот во СУВ-понудата на Opel се наоѓа на 11-то место во конкуренција од 128 модели. На тоа се надоврзува и штотуку објавената статистика на дефекти на ADAC, во којашто моделите на Opel од најразлични класи, почнувајќи од Grandland, преку Crossland, до Adam, се докажуваат со мал број на дефекти и со тоа се ценети како модели на пазарот на користени автомобили.

Посебно интензивна соработка со добавувачите

За натамошно унапредување на квалитетот во подолг рок се применува интензивна соработка со добавувачите. Клучното барање на инженерите е „робусност“, кога се предвидуваат роковите на експлоатација на возилата и деловите, и кога се поставуваат стандардите за деловите што ќе се вградуваат. Во Opel будно се следат и реакциите на корисниците што се објавуваат на друштвените мрежи и на форумите. Улога имаат и дилерите на Opel, коишто до производителот ги пренесуваат забелешките што клиентите ги имаат за своите возила, за тоа да помогне за натамошно подобрување на квалитетот. Секој фидбек се зема сериозно и се цени како можност за подобрување на квалитетот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota победи на 6 Часа Спа-Франкоршамп

Abarth 695 Tributo по 40 години од последната трка на Abarth 131 Rally