за

Toyota победи на 6 Часа Спа-Франкоршамп

Toyota Gazoo Racing ја постигна првата победа во новата сезона во светското првенство во издржливост, по драматични 6 часови трка на Спа-Франкоршамп.

Светските шампиони Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез, во Toyota GR010 Hybrid со стартен број 7, се соочија со моќна конкуренција во категоријата хиперавтомобили на маратонот во Спа. Големи проблеми предизвикаа и лошите временски услови на Ардените. По победата во Белгија, следен предизвик за Toyota Gazoo Racing е 24 Часа Леман.

Тимот на Toyota Gazoo Racing ја прослави својата шеста победа во низа на Спа-Франкоршамп. Со тоа, хиперавтомобилот GR010 Hybrid со стартен број 7 постигна седум победи од осум учества, откако хиперавтомобилот стартуваше во светското првенство во издржливост токму на Спа, во минатата година.

Само еден GR010 Hybrid ја мина целната линија во Спа. Себастиен Буеми, Брендон Хартли и Рио Хирикава ја водеа трката во својот #7, но по 90 минути се појави проблем во работата на хибридниот систем, по што тимот мораше да се повлече од тркалата.

Трката стартуваше со големи ветувања за хиперавтомобилот на Toyota со стартен број 8, откако Себастиен по стартот од четвртото место, уште во првиот круг се проби на второто место. Мајк беше трет со мал заостаток.

Во 16-от круг, GR010 Hybrid со стартен број #8 изби на челото, поминувајќи го водечкиот Гликенхаус. Себастиен водеше, но трката на околу еден час од стартот го смени текот, откако почна да врне. Потоа следеше и судир во категоријата LMP2.

Трката продолжи по 25 минути, со безбедносен автомобил на чело на колоната. Водечкиот Буеми ненадејно запре покрај патеката, поради технички проблеми. Дождот се засилуваше, па Мајк се упати во боксовите, заради замена со гуми за дожд, пропуштајќи едно место.

Условите се влошуваа и предизвикаа уште неколку прекини, вклучувајќи и две фази под црвено знаме. Вистинскиот продолжеток на трката се случи на само два часа пред крајот, со Камуи на второто место. Тој изгуби време додека го престигна водечкиот #31 WRT, по што дождот престана и условите на патеката се подобрија значително.

Во последниот час и пол, Хозе го презеде возачкото место во #7, со хибридни гуми за комбинирани услови, за завршниот стинт на трката. Тој го задржа водството во тесна битка за победа меѓу трите хиперавтомобили. Три круга во завршетокот на трката се возеа под жолто знаме. Хозе продолжи да го зголемува водството и по 6 часа трка, победи со предност од 27,473 секунди пред #36 Alpine.

Тимот се враќа во Келн, заради подготовка на главната трка во сезоната, 24 Часа Леман, којашто се вози на 11-12 јуни. Toyota Gazoo Racing цели на петта победа во низа на најпознатата автомобилска трка во светот.

Race:
1st #7 TOYOTA GAZOO Racing 103 laps
2nd #36 Alpine (Negrao/Lapierre/Vaxiviere) +27.473secs
3rd #31 WRT (Gelael/Frijns/Rast) +1min 6.185secs
4th #41 Realteam by WRT (Andrade/Habsburg/Nato) +1min 40.676secs
5th #38 JOTA (Gonzalez/Da Costa/Stevens) +1min 48.571secs
6th #5 Team Penske (Cameron/Collard/Nasr) +1min 57.610secs
DNF #8 TOYOTA GAZOO Racing

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mercedes Drive Pilot: Автопилот вози за 5.000 евра место возачот

Како за германска марка: Opel става нагласок на квалитетот