за
Русија повторно произведува Москвич, техниката е од Кина
Русија планира годишно да произведува по 100.000 возила од марката Москвич, вклучувајќи и електрични автомобили.
По две децении мирување, Русија го обнови производството на автомобили под марката Москвич, во поранешната фабрика на францускиот производител Renault, во близина на Москва.
Замислата за автомобил Москвич се смени од корен. Додека класичната претстава за автомобил од познатата руска марка замислува лимузина со строга линија и застарена, но издржлива техника, новиот Москвич е нешто сосем друго. Москвич 3 е кросовер со модерен дизајн, со тркала од лесен метал, со тенки диодни светла и со голем средишен дисплеј за ракување во кокпитот.
Изгледот е идентичен со компактниот кросовер Sehol X4, што го произведува кинескиот JAC, модел што уште се среќава и како JAC JS4. Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на упатени извори наведува дека за Москвич 3 се користени дизајнот, инженерингот и плаформата на JAC. Деловите за вградување во новиот модел исто така се испорачувани од Кина, од JAC, што било видливо и по налепниците на коишто пишувало JAC и сериски број, на бројни делови во автомобилите за одбележувањето на почетокот на производство.
Проект менаџерот задолжен за новиот модел, Максим Кљушкин, не потврдува дека кинеската компанија е партнер за новиот Москвич. „Наш надворешен партнер е Камаз, а имаме и далечен партнер со којшто соработуваме, изјави Кљушкин. „Не го именуваме тој партнер“.
Презентация модели Москвич 3 во время запуска производства
Московскиот менаџер напомена дека автомобилот располага со систем против блокирање на тркалата при сопирање, класичен АВЅ, систем што АвтоВАЗ мораше да прекине да го вградува во автомобилите од својата марка Лада, по санкциите од Западот, поради воените зафати во Украина.
Домашните медиуми претпоставуваат дека цената на Москвич 3 без повластиците би се движела меѓу 1,6 и 2 милиони рубљи, што одговара на 27 до 33 илјади УСД.
Renault го продаде својот мнозински удел во АвтоВАЗ во мај, за една рубља, со понудена можност да си го откупи уделот назад, во период од шест години. Французите ја продадоа и фабриката во Москва, исто така за една рубља. Таа фабрика сега се води како Столичный автозавод Москвич и во неа се произведува новиот модел.
Салон москвич 3.jpg
До завршетокот на годинава ќе се изработат само 600 возила, што нема да смени многу во независната ситуација во којашто се наоѓа целата индустрија во земјата. За првпат во поновата историја на Русија, во земјата ќе се произведат помалку од еден милион автомобили годинава.
Владата цени дека годишната продукција на Москвич ќе може да достигне 100.000 возила. Во таа продукција се опфатени и возила што ќе користат чисто електричен погон. Тоа е далеку под фабричкиот просек во автомобилската бранша, којшто изнесува меѓу 200 и 300 илјади автомобили годишно. Tesla во својата фабрика во Шангај произведува 22.000 возила за една седмица.
„Првите автомобили Москвич ќе почнат да се симнуваат од производствената лента во декември 2022“, пишува во соопштението од Камаз.
Санкциите од Западот по руската воена кампања во Украина, покрај тоа што го запреа дотокот на компоненти за производство на возила од странство, туку и ги натераа странските прозводители да ја напуштат земјата.
Москвич 3 2.jpg
Камаз и властите воспоставија нов синџир за набавка на делови, меѓутоа не се наведуваат понатамошни детали. „Задача за блиска иднина е да се воспостави монтажа во мал обем, со вклучување на локалните добавувачи до завршетокот на 2023 година“ изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.
Во првите произведени возила работи 1,5-литарски турбо-бензинец со 150 КС и 210 Nm, во комбинација со безстепен автоматски менувач или 6-степен мануелен менувач
Од Министерството објавија дека при постигнување на целосниот обем на производство ќе се обезбедат работни места за околу 40.000 лица.
Москвич 3 ќе почне со продажба во Русија во декември. Цената уште не е објавена. Претседателот Путин во минатата недела побара од производителите на автомобили да ги држат цените ниски.
Камаз се вмешува во најавите за враќањето на марката Москвич
Напишано од Дарко Јаконов
Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.
Напишете коментар
Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *
Електричен Fiat 500 може да биде и Abarth
Тест · Skoda Karoq 2.0 TDI Sportline · Како ловен трофеј, за в гаража место на ѕид