за

Камаз се вмешува во најавите за враќањето на марката Москвич

Русија може да користи кинеска платформа за автомобилите од старо-новата марка Москвич. Моќниот производител на камиони Камаз преговара со кинески ЈАЦ, за да се врати произведството во сега веќе поранешната фабрика на Рено во Москва.

Новинската агенција Ројтерс пренесе информација од интерни извори, за преговорите што Камаз ги води со партнерот од Кина, ЈАЦ, којшто ќе се посвети на конструирањето, дизајнирањето и подготовката за производство на моделите од возобновената марка Москвич.

Марката автомобили Москвич ќе се врати на рускиот пазар, откако Москва ја презеде сопственоста над фабриката на Рено, по заминувањето на францускиот производител. Рено го продаде својот мнозински удел во капиталот во АвтоВАЗ на рускиот научен институт НАМИ и ја напушти земјата, поради санкциите од Западот кон Русија.

Новиот модел на Москвич ќе се произведува во поранешната фабрика на Рено во Москва. Веста прв ја објави рускиот економски дневник Ведомости, којшто повикувајќи се на интерни извори, објави дека производството би можело да стартува најдоцна до четвртиот квартал од годинава.

Новиот момент што го објави рускиот бизнис дневник е електричниот погон. Според Ведомости, од идниот Москвич ќе се нуди и изведба со чисто електричен погон, покрај изведбата со обичен погон.

Снимка од испораката на 330 примероци од лимузина на JAC за Емиратите

Москвич во замена за Рено: По заминувањето на Французите од Русија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори
  1. Leutenant Grueber, од Ало, Ало, имаше едно тенкче, со кое идеше у кафана. Поелегнатно изгледаше од овој куп железа. Во Украина па се праеше едно друго уште побетер плашило – „запорожец“. Ама тој барем имаше блокатор, можеше да возиш преку руско блато, и имаше шанса да излезеш некако, а купот железо беше нешто помало од тој на Москвичот..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Benz притиска на луксуз: Помалку модели, поскапи модели

Хиперавтомобилот Peugeot 9X8 ќе вози на 6 Часа Монца во јули